Манијак демне по улиците, граѓаните апелираат на претпазливост

На социјалната мрежа „Фејсбук“ изминатите денови е креирана група која го носи насловот „Манијакот од Влае“. На снимките кои се објавени во групата може да се види машко лице кое според тврдењата во неколку наврати сексуално ги вознемирувал, демнел по дворови и манијачел преку прозор жителите на ул. Иван Цанкар.