Водици 2021 Охрид, верниците се искапеа во водите на Балканскиот Ерусалим

Иако Светиот крст не се положи во водите на Охридското езеро и годинава Водици се чествуваше поинаку поради пандемијата, сепак охриѓани се искапеа во водата.

Охрид 1 јави дека прв во езерото со крстот во рака влегол Никола Чорбе, кој го фатил крстот во Варош кој се фрлаше во црковен казан, а по него останатите.

Капачите првично три пати ја пееле песната Во Јордание.