Апасиев: А графа „Северномакедонци“ ќе има ли на пописот?

А графа “СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ” ќе има ли на пописов, за овие шо гласаа на Референдумот? – напиша лидерот на партијата ЛЕВИЦА на Фејсбук вчера.

Во еден друг пост на Фејсбук исто во врска со пописот Апасиев вели: „Во член 39 од македонскиот Устав пишува: „Граѓанинот има право и ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“!

„Значи, јас – по сила на Устав – сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус.

Да немавме Кацарска-судство, ќе ви паднеше како круша на Уставен суд. Ај, ако имам време деновиве, може и ќе ви го оспорам – чисто да ги тестираме ставовите на нашите „угледни правници“ и да се смееме со студентите на вежби за вашите експертутски правни мислења“, напиша Апасиев на Фејбук.

https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3674192085979436