Connect with us

Трета Смена

„Ако сакате подобар cekc, тогаш станете вегани“ велу Холивудската бомба Памела

Published

on

Холивудската секс-бомба Памела Андерсон е веганка веќе 30 години и неуморно се бори за правата на животните, а гостувајќи во ТВ емисијата „Good Morning Britain“ изјавила дека верува дека луѓето кои не јадат месо се многу подобри во кревет.

„Веганството дефинитивно влијае позитивно врз љубовните вештини. Тоа сум го слушнала многу пати од други луѓе, а и самата сум веганка, па прилично сум сигурна во таа изјава и апсолутно се согласувам со тоа тврдење. Но, исто така мислам дека секогаш многу добро сум се забавувала во тоа подрачје“, рекла некогашната ѕвезда на ТВ серијата „Чувари на плажата“.

Холестеролот од месото, јајцата и млечните производи предизвикува затворање на артериите, го забавува протокот на крвта во сите органи, а не само во срцето, тврди актерката. Веганството може да го подобри целокупното здравје и да ја зголеми издржливоста во спалната соба.

„Здравото тело е секси тело, а јадењето месо не е здраво. Тоа е поврзано со болести на срцето, дијабетес, мозочен удар и дебелеење кои се главни предизвикувачи на еректилна дисфункција“, напишала 53-годишната Памела на Твитер.

„Но, можете да имате високо ниво на холестерол дури и ако сте вегани, ако јадете погрешна храна“, коментирал водителот Морган, кој се обидел да ѝ противречи на актерката тврдејќи дека тој „како вистински месојад нема проблеми во спалната соба“. Но, Андерсон не дозволила да се збуни, па продолжила да инсистира на предностите на растителната исхрана

Трета Смена

Различни како „небо и земја“: Сите знаете како изгледа Сораја, а сега погледнете ја нејзината сестра

Published

on

Изгледот на нејзината сестра ги шокираше сите, бидејќи очигледно не ја привлекуваат истите работи како популарната ријалити ѕвезда.

Сораја речиси никогаш не споделува фотографии од своето семејство, па затоа сите беа изненадени од нејзиниот потег кога еднаш објави слика од својата сестра на Инстаграм.

Поранешната учесничка на реалити ТВ и старлета Сораја Вучелиќ е позната по бројните естетски зафати кои ги правеше на лицето и телото за да постигне совршен изглед. Сепак, нејзината сестра е, би рекле, природна убавица која ништо не направила со помош на пластичната хирургија.

Изгледот на нејзината сестра ги шокираше сите, бидејќи очигледно не ја привлекуваат истите работи како популарната ријалити ѕвезда.

Природната убавица е фотографирана закопчана до грло и со минимална шминка.

Continue Reading

Забава

Фото: Таа е најубавата пливачка на светот!!

Published

on

Романската пливачка Андреја Драгој важи за една од најсексапилната пливачка на светот, секако Андреја е и една од најубавите и најзгодните спортистки на планетата.

Како голем талент, Андреја Драгој ја напушти родната Романија за да продолжи да ги усовршува пливачките вештини на колеџот во американскиот Сан Хозе.

Но, се се промени со нејзиното пристигнување во САД, причина за тоа е нејзината убавина, поради која за Андреја се отворија и некои други хоризонти.

20 годишната пливачка стана модел, водителка, актерка… Но, не се откажа од пливањето.

Continue Reading

Забава

КАКВА БОМБА СЕ СОБЛЕЧЕ! (Фото)

Published

on

Холивудската актерка Еиза Гонзалес официјално го најави почетокот на летото со атрактивна фотографија на Инстаграм.

Убавата бринета ги почести своите бројни обожаватели на споменатата мрежа со заводлива фотографија во бикини која многу нагласува – витко тело, бујни гради и тенок струк.

Еиза, која покрај глумата, и пее, од 2013 година живее и работи во Лос Анџелес. Инаку, Еиза е позната по својата специфична убавина. На нејзиниот шарм не можеа да одолеат многу холивудски мажи, но и оние од другите сфери на јавниот живот.

Минатата година беше во врска со златното момче на Холивуд – Тимоти Шаламе, а претходно ја поврзуваа и со фудбалерот Кристијано Роналдо, актерите Лиам Хемсворт и Џош Духамел, музичарите Малума и Калвин Харис… Пред неколку месеци беше потврди и дека го завела Џејсон Момоа, можеби најпосакуваниот маж на денешницата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк