Connect with us

Uncategorized

Нè сакаат кога даваме пари, но ние сме сељаци: Гастарбајтер го запали Балканот со оваа исповед!

Published

on

Секој месец праќаме пари во Босна, затоа што повеќе од половина роднини се невработени. Тие нам не’ доживуваат како магионичари и јас таа слика не можам да им ја расипам, раскажува сараевчанец кој живее и работи во Германија

Еден гастарбајтер родум од Сараево, одлучи да открие како изгледа животот далеку од земјата во која е роден. Многумина мислат дека во дијаспората е многу полесно, дека иселениците мора да им помагаат на роднините во татковината и дека тоа не им претставува значителен трошок. Но, не е се’ како што изгледа. 

 БМВ-то го купив на старо и го чував во гаража до летото кога ја посетив татковината, затоа што во Германија одам на работа исклучиво со воз, а на пазар со велосипед. Купив нови фелни и навлаки за седиштата за да изгледа како нов – открива Аднан М. кој по потекло е од Зворник.

Раскажува дека жена му и децата купиле куп маички, здолништа и пантолони, но и уште некои ситници на распродажба, па по инсистирање на ќерка му ги препакувале во украсни кеси, а цените ги искинале за да не видат роднините колку се платени. 

 Ја зедовме целата годишна заштеда, жена ми малку отиде во минус на картичката, па дојдовме тука, да се одмориме и да се вратиме со празни џебови. Секој месец праќаме пари во Босна, затоа што повеќе од половина роднини се незапослени, а и тие малку што работат или што земаат пензија, кога ќе платат сметки ништо не им останува. Тие нам не’ доживуваат како магионичари и јас таа слика не можам да им ја расипам. Порано се обидував да им објаснам дека тешко заработтувам, но моиве ко глуви, ко да не сакаа да слушнат. Мислат дека во туѓина ми врнат пари од небо. Помалку сум уморен од се’, од тоа што се претворив во банкомат – искрен е Аднан.

Наведува и неколку други сонародници, кои истотака работат во странство и пред да се вратат во Босна се задолжуваат со мали кредити како би биле тоа што од нив се очекува да бидат – да ги подмират апетитите на својата блиска и далечна фамилија.

Дури има еден интересен податок, а тоа е дека босанската дијаспора годишно праќа околу 1,75 милијарди евра, што претставува 30% од БДП-то на Босна. 

– Се додека даваме пари не’ сакаат, а инаку сме сељаци. Ни се смеат зад грб. Некогаш стануваат и си одат, а некогаш го коментираат нашиот нагласок кога ќе уфрлиме странски збор – завршува тој.

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк