Connect with us

Приказни

Лично сведоштво на Николова: Ми наместија со порака дека сум нудела секс услуги, сите сме Ана

Published

on

„Никогаш нема да го заборавам денот кога ми стигна мејл од факултетот на којшто требаше да се запишам односно продолжам своето студирање, во кој ми објаснија дека мојот однос во мојот претходен мејл е недоличен и дека нема потреба повеќе да комуницираме. Збунета и во шок, не ми беше јасно за што станува збор. Почнав да пребарувам низ сопствениот мејл и во испратени пораки видов порака којашто не беше пратена од мене, и веќе ми беше јасно што се случило. Пораката гласеше:
„Почитувани, јас инаку нудам и сексуални услуги, така што доколку тоа допринесе за мојата апликација, сакам да го знаете овој факт“.
Останав без зборови, почнав да плачам, почнав да праќам безброј мејлови до факултетот, да се правдам, да објаснувам, да молам за разбирање, и за среќа, наредна година кога заминав таму, немав никакви проблеми, што значи дека тие ми поверуваа дека мејлот не сум го пратила јас. Жената со којашто комуницирав рече дека со никого тоа не го споделила, што за мене беше навистина големо олеснување. Другото е веќе историја, јас успешно го завршив својот факултет, а овој обид за попречување на мојата академска кариера остана неуспешен. Никогаш не дознав кој ми го направил тоа, само дознав дека адресата на компјутерот од каде што бил пратен мејлот е од Скопје. Се разбира, тоа и го очекував. Сигурно не помислив дека некој од моите колеги во странство би ми наштетил, затоа што најверојатно се свесни дека за тоа некаде сериозно се одговара“.

Писателката Ксенија Николова со свое сведочење на темата за „Јавна соба“ и жртвите, се отвори приватно пред јавноста вчера вечер кога на пост на Фејсбук напиша дека „Сите сме биле Ана“, една од жртвите на „Јавна соба“.

Инаку, Ана ја познавам лично и е исклучително вредна девојка. Но, знам дека луѓето коишто се’ уште си мислат дека таа можела ова да го спречи, нема никогаш да сфатат дека оној којшто решил да те линчува, ќе го направи тоа без разлика на твоите постапки. Ова е една од оние работи, чија сериозност луѓето без емпатија ќе ја разберат само кога истото ќе им се случи и ним – напиша Ксенија Николова.

https://www.facebook.com/ksenija.nikolova.5/posts/3696793410442141

Приказни

31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата

Published

on

На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.

Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.

Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.

Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.

Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.

Continue Reading

Приказни

„Крсте Петков Мисирков: Темелник на македонската литературна и национална посебност“

Published

on

На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.

Continue Reading

Приказни

Годишнина од смртта на Петре Прличко, доајенот на македонското актерство

Published

on

На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк