Захариева: Српски јазик во училиштата и српски културен центар во Скопје е нова провокација кон Бугарија

Во гостување на националната телевизија БНТ Захариева вели дека „за жал, не е изненадена од тоа“.



„Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање, како и за темата за односите со Бугарија. Тие се исклучително блиски со Белград“, изјави Захариева.


За отворањето српски културен центар таа не сака да коментира, бидејќи како што вели, РСМ е суверена држава и може да си одлучува сама, но тоа го смета за провокација против Бугарија, а „ваквите постапки се доказ за приближувањето кон Србија“.


Овој коментар на Захариева следува по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека наставата по српски јазик ќе биде вратена во основните училишта во РС Македонија.

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостол Петар



КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостол Петар
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јануари.

Денеска е Св. апостол Петар.

На овој ден се спомнува апостол Петар заради оковите во кои беше ставен во времето на Ирод и од кои беше ослободен на чудесен начин. Христијаните ги чуваа овие окови заради чудата што се случуваа преку нив. Во петтиот век царицата Евдокија еден дел од оковите испрати во Цариград, во црквата на Светите Апостоли, а другиот дел го прати во Рим на Евдоксија, жената на западниот римски цар Валентинијан Трети. Евдоксија изгради црква и во неа ги положи оковите.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Блажен Јулијан Маунор.

На денешен ден умрел мисионерот Јулијан Маунор. Тој околу 43 години патувал низ Бретања проповедувајќи го Евангелието Христово. За бретонскиот народ, Јулијан бил добар татко. Бил познат по својата понизност, молитва и христијански морал. Им помагал на болните и ги ослободувал опседнатите. Исцрпен од работата, бил прогласен од народот за светец и апостол, а црквата во времето на папата Пио Дванаесетти тоа го потврдила. Бретања и денеска во верски поглед, е една од најдобрите француски покраини.

„Јавна соба“ затворена, се трага по креаторите



Групата „Јавна соба“ во која над 6.500 членови споделуваа фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, синоќа е избришана на социјалната мрежа Телеграм.

Во меѓувреме, продолжува истрагата за креаторите на групата, а веќе се приведени четири лица, од кои две од Битола, едно од Велес и едно од Штип. Надлежните апелираат на внимателност бидејќи на Телеграм има и друга слична група за која исто така се постапува.

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го поздравија чекорот на платформата Телеграм и порачаа дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети.

Заев и Спасовски, претходно, се заканија дека е можно блокирање на Телеграм во земјава ако платформата и натаму остане глува на барањата на полицијата и обвинителството за бришење на „Јавна соба“.

– Телеграм или ќе ја затвори групата, или земјата ќе ја блокира оваа социјална мрежа, најави вчера премиерот Зоран Заев.

Истакна дека до социјалната мрежа Телеграм се испратени категорични барања да ја избрише групата „Јавна соба“. Ако не го сторат тоа, Заев најави дека е можно да се блокира апликацијата.

Вирусолог предупредува: Влошување на епидемиолошката состојба на пролет

Германскиот вирусолог Кристијан Дростен предупреди на опасност од нов вирус што може да предизвика пандемија.Главниот вирусолог на берлинскиот „Черити“ изјави дека вирусот МЕРС-CoV, според него, е „кандидат“ за следната пандемија.

Дростен за германскиот портал „Капитал“ изјави дека коронавирусот доби доволно внимание од науката и дека во врска со него се се прави. Затоа тој има намера да формира мала работна група посветена на новиот вирус.

Вирусот МЕРС (Средноисточен респираторен синдром) спаѓа во групата коронавируси и првпат се појави во 2012 година на Арапскиот полуостров.

Како и короната, и МЕРС предизвикува инфекции на дишните патишта, поради што Светската здравствена организација го наведе вирусот меѓу „приоритетните болести“, на кои се посветува големо внимание.

Кои три хороскопски знаци во февруари ќе доживеат позитивни промени?

Овие три хороскопски знаци ќе почувствуваат најмногу позитивни промени:

Близнаци – Сè започнува да има смисла

Преминувањето на Сонцето во бунтовната Водолија преку Деветтата куќа ќе ви донесе олеснување, ќе се почувствувате како да сте на врвот на светот. Без разлика дали планирате патување во странство или професионално усовршување, цело време ќе бидете фокусирани на вашите лични цели. Вашата владејачка планета Меркур ќе биде ретроградна во вашата куќа на кариерата.

Искористете го ова време за да ги прегледате, размислите и да ги преиспитате вашите професионални цели. Исто така добро време е и да ги поставите потребните граници во деловното опкружување.

Вага – Ве очекува одличен период исполнет со успех и добро расположение

Дали сте подготвени за голем успех, Ваги? во февруари ќе бидете во центарот на вниманието на многу начини и ќе ви биде многу убаво. Ќе имате силна желба, но и можности за хуманитарна работа. Здравјето ќе ви цвета.

Полната месечина во Лав ќе ви ја потресе малку куќата на пријателството, но тоа нема да биде ништо лошо, напротив, ќе донесе јасност во оваа област од вашиот живот, а вашите надежи и желби ќе се кристализираат и нема да има пречки да ги достигнете. Ќе уживате и во областа на љубовта.

Водолија – Ве очекуваат големи благослови

Вие го славите вашиот роденден, Водолии! Во текот на месец февруари ќе имате причина да се смеете. Вашиот владетел Уран сега оди по права линија, а тоа само по себе е предност за вашиот знак.

Меркур ќе влезе во вашето поле на финансии на почетокот на месецот, така што вашата финансиска состојбата ќе се подобри. Полната месечина во Лав ќе го разниша полето на љубовта, но со овој „земјотрес“ многу работи ќе станат појасни и ќе знаете во која насока да одите кога станува збор за вашиот сегашен партнер.

Памела се омажи по шести пат !

Актерката Памела Андерсон (53) се омажила по шести пат и тоа за телохранителот Ден Хајхурст со кого се зближила за време на карантинот. Двојката венчала на Бадник и рекле дека се вљубени како тинејџери.

Интересно е дека Памела се мажи само една година по последниот брак кој и траеше неверојатни 12 дена. 

Венчавката се случила во Канада каде што е родена Памела и вила традиционална. Памела рекла дека немале многу гости заради пандемијата, но им било убаво. 

Пред една година таа се омажи за Џон Питерс со кого беше во брак 12 ден. Прв сопруг и беше Томи Ли со кого има два сина. После него беше во брак со Кид Рок и Рик Саломон за кого се мажеше два пати.

Има 5,3 милиони долари, ама јаде храна за мачки за да заштеди

Жена која тврди дека е „најевтината милионерка во светот“ изјави дека не троши ниту цент повеќе отколку што треба, па дури и јаде храна за мачки за да заштеди.

Ејми Елизабет која има богатство од 5,3 милиони долари не сака да потроши ниту цент повеќе од 730 фунти, или 1000 американски долари месечно.

50-годишната од Лас Вегас во интервју за странски медиум вели дека открила како да заштеди пари во секој аспект од нејзиниот секојдневен живот.

„Бојлерот го држам исклучен, ми требаат 22 минути да се згрее доволно за да се истуширам, така да го вклучувам секое утро кога ќе станам. Го ставам 22 минути за да знам точно кога е спремен за да се истуширам, пошто Бог да чува може да потрошам уште една минута плус за загревање на водата “, рече таа.

Ејми тврди дека со овој едноставен потег заштедува 58 фунти, или 80 долари месечно. Таа вели дека заштедува околу 146.000 фунти секоја година едноставно не купувајќи ништо ново. 50-годишната исто така користи сунѓер додека не се распадне или не скапа.

Нејзиниот поранешен сопруг Мајкл ја напушти куќата по разводот и доброволно се нафатил да и плаќа чистачка во куќата, со што и заштедува уште 2.292 фунти секој месец. Аими вели дека јаде храна за мачки чија цена е по ниска. Кога оди на службени патувања во Лос Анџелес, таа вози со часови во нејзиниот абтомобил кој е 17 години стар со цел да не плаќа авионски билет кој чини 250 долари.

Шакири распали: И голи можеме да се сликаме, а вие да ни се фатите, не пали веќе тоа „к.рва“!

Лиса Баута Шакири која е позната како поборник за женските права, воедно и правник, а е сопруга на познатиот рок пејач Бени Шакири, во врска со случајот за објавување слики од девојчи во групата на Телеграм која сега е затворена за порнографска соджина, на Фејсбук напиша:

Е сега вака: НИЕ ЖЕНИТЕ што сакаме ке постираме! И голи можеме да се сликаме, а вие да ни се фатите!
Не ви пали веке тоа “курва” пошо таквата не заболе сто такви мали мозочиња мислат за нас!
“Сакала да се онади-па нека види” – МА НЕМОЈ!
Сака и КЕ СЕ онади, а ти пошо толку ти сече горната и толку ти држи долната- има да гледаш слики и да си се изнаонадиш сам со себе!

Таа дополни дека ова е напад врз сите жени.

Драги жени, ова е напад врз сите нас!
Не смееме да се криеме, не смееме да ќутиме. Ние не сме сексуални објекти, туку сексуални суштества! Нашата сексуалност е наша работа, и наше право! Со тоа не се срамиме, напротив, се гордееме зошто преку тоа деца рагаме!

Драги девојки жртви – на мојот фб и инста профил има и слики каде сум доста разголена!
Јас сум мајка на 2 деца и сопруга на брилиантен маж кој има почит кон жената и женското тело!
Постирање слики е тотално ОК!
Штом е за мене, за вас е уште повеке!
Главата горе!
Ние сме заедно во ова.
П.с. ви стојам на располагање за поддршка и секаква помош! – напиша таа на својот Фејсбук профил во знак на поддршка за сите жени.

https://www.facebook.com/lisa.bauta.shaqiri/posts/10158770964163536

Уште драми на Телеграм „Јавна соба“ се затвори, отворена нова група

Скандалозната група „Јавна соба” е затворена, односно беше избриша од социјалната мрежа Телеграм, заради порнографска содржина.

МВР засега не знае дали апликацијата Телеграм или креаторите и администраторите стојат зад затворањето.

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се веќе приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица, јави МВР.

Но, во јавноста се појавија фотографии дека има нова група каде се објавува порнографска содржина.

Каракачанов му се налути на Заев: Ви испративме вакцина против КОВИД, но немаме вакцина за Стокхолмски синдром

„Пријателе Заев, помогни ми да се сетам кој го зголемува српското влијание во Македонија? Ние ви испративме вакцина против КОВИД-19, но нема вакцина или лек за Стокхолмскиот синдром “, напиша вицепремиерот и лидер на ВМРО, бугарскиот министер Красимир Каракачанов на својот Фејсбук профил.

Имено Стокхолмски синдром претставува необична психолошка состојба во која жртвата од киднапирање, полов напад или пак жртва на насилство, емотивно се зближува и сочувствува со напаѓачот, односно сторителот. Поврзувањето настанува во оној временски период во кој двете страни се заедно. Имено, колку повеќе време поминуваат заедно жртвата и напаѓачот, толку се поголеми шансите за овој синдром.

Каракачанов сега е лут, откако Заев рече дека ќе ја врати наставата на српски јазик во училиштата и отворање на српски културен центар, во вчерашната честитка по повод српскиот празник – Денот на Свети Сава.

Дали со отворањето на српскиот културен центар, ќе се памети окупацијата на тогашна Вардарска Македонија од страна на Кралството Србија во 1913 година? Затоа што ние, Бугарите, сме уморни од слушање глупости за т.н. „Бугарска окупација“? – праша Каракачанов.

„Долго време, скопската дипломатија ја обвинуваше мојата земја и мене лично за можно одложување од Бугарија за одредување датум за преговори со ЕУ и дека тоа ќе доведе до зголемување на српското влијание. Сега кој точно е виновен за зголемувањето на српското влијание? – вели тој.

Каракачанов праша кој точно го зголемува српското влијание во Македонија со враќање на наставните програми на српски јазик и отворање на српски културен центар?

Пријател Заев, помогни ми да се сетам кој го зголемува српското влијание во Македонија? – праша тој.

Тој исто така прашува дали со отворањето на српскиот културен центар, дали ќе се памети окупацијата во 1913 година на тогашна Вардарска Македонија од страна на Кралството Србија?

Дополнително прашува „дали ќе бидат почестени двете востанија против Србите во 1913 година – востанијата во Тиквеш и Охрид-Дебар – што избувнаа во Вардарска Македонија, која српската влада ја преименува во Јужна Србија и српска Бановина?“

Бугарскиот министер за одбрана побара јавно, освен националниот празник на Србите, да се слави националниот празник на Бугарија – 3 март.

„За жал, сегашната политичка елита во Скопје претпочита да ги слави џелатите на својот народ. Колку е чудна балканска варијанта на Стокхолмскиот синдром. Ние ви испративме вакцина против КОВИД, но нема вакцина или лек за Стокхолмскиот синдром “, напиша Каракачанов на својот официјален профил.

Целосниот пост можете да го погледнете на следниов линк: https://www.facebook.com/KrasimirKarakachanovVMRO/posts/3894426727236254