Connect with us

Инфо +

Убава вест: Ќе се деблокираат сметките на 180.000 граѓани

Published

on

Отписот на каматите кој ќе опфати најмалку 180 илјади граѓани ќе биде најголемата финансиска помош во најавениот пети пакет мерки на Владата а финансиска поддршка за плати ќе има но дали ќе биде како досега или пак ќе се премине на бескаматни кредити останува да се договори со коморите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, најави дека петиот пакет на економски мерки ќе биде донесен наредната недела и додотгаш ќе завршат сите консултации. Како директна помош за граѓаните ќе биде отпишувањето на каматите од долговите кон јавните претпријатија поради кои 180 илјади граѓани имаат блокирани сметки. Според Битиќи во некои случаи тие неколкукратно ја надминуваат висината на основниот долг и затоа мора да се реагира. Исто така се предвидуваат и ваучери за граѓаните но дополнително ќе се потврди дали ќе бидат за туризам или за некоја друга намена.

Повеќе https://telma.com.mk/2021/02/06/деблокирање-на-сметките-на-180-000-граѓани-п/

Европа

Русија одби прекин на огнот: „Тоа не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија“

Published

on

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека предложениот 30-дневен прекин на огнот „не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија“.

„Русија бара долгорочно мирно решение за конфликтот во Украина што ќе ги земе предвид интересите и грижите на Москва“, рече Ушаков, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

Тој нагласи дека американските претставници разбираат дека во контекст на мирно решение не може да се зборува за членство на Украина во НАТО и додаде дека е во постојан телефонски контакт со американскиот колега Мајк Волц.

Според агенцијата, Ушаков не ја исклучил можноста Путин во текот на денот да даде поконкретни оценки за предлогот за привремен прекин на огнот во Украина.

Претходно денеска, Ројтерс објави дека Русија им претставила на САД список со барања за договор за ставање крај на војната со Украина и ресетирање на односите со Вашингтон.

Два неименувани извори ги опишаа условите на Кремљ како широки и слични на барањата што Русија претходно ги постави кон Украина, САД и НАТО.

Continue Reading

Свет

Трамп се заканува со царини од 200 отсто за вино и други алкохолни пијалоци од ЕУ

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.

Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот на американското виски, пишува Блумберг.

Властите во Брисел го оданочија американското виски како одмазда за царините на Трамп за челик и алуминиум кои стапија на сила вчера.

– Доколку оваа тарифа не биде веднаш отстранета, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и жестоки пијалоци кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија, напиша Трамп за европските давачки за вискито на „Truth Social“.

Тој додаде дека овој потег ќе биде „одличен“ за американските компании кои произведуваат вино и шампањ.

Continue Reading

Свет

Поради еден детаљ на неговата рака, сите се загрижени за здравјето на Трамп (ФОТО)

Published

on

Здравствената состојба на претседателот на САД, Доналд Трамп (78), веќе некое време е тема во медиумите.

Она што најмногу привлекува внимание се модриците на неговите раце. Оваа тема првпат се појави кога францускиот претседател, Емануел Макрон, ја посетил Белата куќа. Сега, голема модрица на десната рака на Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста.

Почнаа да се шират шпекулации дека модрицата може да биде последица на инфузионата терапија, но Белата куќа излезе со објаснување дека таа е резултат на навиката на Трамп постојано да се ракува со луѓето.

„Претседателот Трамп е човек од народот. Има модрици на раката затоа што постојано работи и се ракува со луѓето секој ден, цел ден“, изјавила портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит.

И самиот Трамп претходно тврдел дека неговите модрици се последица на ракувањето со илјадници луѓе.

„Тоа е од ракувањето“, рекол тој за списанието Тајм во декември минатата година.

Американскиот претседател денеска имаше состанок со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалниот кабинет, а на десната рака повторно имаше модрица со чудна боја.

И покрај претходното ветување дека ќе објави медицински извештај за своето здравје, Трамп тоа сè уште не го направил, што дополнително поттикнува шпекулации за вистинската причина на модрицата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк