БАН напишала дека песната која ја пее Орце Стевковски „Не плачи мајко не жали“ била бугарска

„Не плачи мајко, не тагувај“ од Христо Ботев станува македонска народна песна без автор“ – пишуваат бугарските медиуми. Имено станува збор за песната којаја пее Орце Стевковски „Не плачи мајко, не жали“.

Станува збор за песната чиј лирикс е во прилог и е испеана од Група Крушево 1903 и Орце Стевковски народниот пејач за која сега БАН тврди дека е песна на бугарскиот поет и револуционер:

Не плачи мајко, не жали

Не плачи мајко, не жали,
ако ти загинам, аман, аман.
Не плачи мајко, не жали,
ако ти загинам, аман, аман.

Со душман јас ќе се борам,
да го истераме од нашата земја,
Со душман јас ќе се борам,
да го истераме од Македонија.

Старо и младо станете
сите на нога, аман, аман.
Земете пушки, патрони и револвери
и револвери.

Душманот да го истераме
од нашата земја, аман, аман.
Душманот да го истераме
ко црв од јаболко, од Македонија.

Крстот да си направиме
во града Солуна, аман, аман.
Знаме да си развееме,
знаме македонско, во Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=Hq6c2oZXVdQ

Во статијата на еден бугарски портал се вели дека во книгата објавена од Бугарската академија на науките (БАН) за Република Македонија, опишува многу такви примери, на препеани „бугарски“ песни на македонски.
„Тие навистина се монструозна бројка – изјавила професорката Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науките.

„Фактот дека песната на Ботев е „препев“ не е нешто што нè изненадува, бидејќи од моментот на создавање на т.н. македонски литературен јазик, лавина од промена на фактите: од делата на сите писатели на „Преродбениците“, каде се изјаснуваат како Бугари, овој етноним Бугарин едноставно се брише, збирките „Бугарски народни песни“ од браќата Миладинови, Марко Цепенков и голем број бугарски писатели се нарекуваат едноставно збирки или народни песни или директно македонски песни. Граматики што се на бугарски јазик исто така стануваат граматики на македонски јазик ” – пишуваат бугарските медиуми за она што го пишува во книгата на БАН.


„Книгата на БАН е околу 60 страници, така што може лесно да се согледа, брзо да се прочита, вклучително и од нашите партнери во Западна Европа. Исто така е преведена на англиски јазик.
Според неа, ги имаме сите докази и аргументи да кажеме дека македонскиот е реконструиран бугарски литературен јазик и има малку грешки во јавниот простор кога се артикулира дека македонскиот јазик е дијалектна форма на бугарски јазик. Постојат многу дијалекти во Република Македонија“, се вели во статијата на бугарскиот портал Медиапол.бг.