Connect with us

Истражување

Армијата ни е на 133-то место во светот

Published

on

Организацијата „Глобална воена сила“ (Global firepower) ја објави листата на најмоќни воени сили во светот. На прво место е САД со индекс од 0.0718, а потоа следат Русија, Кина, Индија и на петто место е Јапонија.

Од балканските држави најмоќна воена сила е Србија, со индекс од 1,0063 и е на 61 место во светот. Хрватска е на 63 место, Словенија на 88, Албанија е 113, Босна и Херцеговина е 121, Црна Гора е 123 и  Македонија е на 133 место со индекс 5.0801.

Најмоќна европска воена сила е Франција, која е на седмото место, потоа Велика Британија е осма, Турција е на 11 место, Италија на 12 и Германија е на 15 место.

На листата се 139 држави, од кои последна е Бутан со индекс 23.2577. Колку индексот е поголем толку земјата е полошо рангирана.

Листата се подготвува на повеќе од 50 фактори за одредување на иднексот на воена моќ, меѓу кои конкретните воени сили, како бројот на војници, авиони, тенкови, потоа финансиската моќ на државата и издвојувањето за одбранатра, како и логистичките капацитети, географската положба и друго

Истражување

АНАЛИЗА: Во кој маркет е најефтината Coca Colа

Published

on

Врз основа на нашето истражување и посетата на неколку маркети, заклучивме дека цените на Coca Cola варираат од маркет до маркет. Затоа, одлучивме да ги прикажеме различните цени, со цел да ви помогнеме при изборот каде можете да ја купите по најповолна цена.

Continue Reading

Истражување

АНАЛИЗА: Каде е најевтино Кафе Браво 200 грама?

Published

on

Според нашето истражување направено на 05-06.11.2024 година во повеќе маркети, направивме анализа за тоа каде може да се купи најефтино Кафе Браво од 200 грама.

Continue Reading

Истражување

Секој четврти БИ РАБОТЕЛ ОД ДОМА И ЗА ПОМАЛА ПЛАТА

Published

on

Околу 23 проценти од вработените во Србија би прифатиле намалување на платата за да ја задржат можноста да работат од дома, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од платформата Осигуреник, во соработка со Инфостуд, пренесува „Бета“.

Истражувањето откри дека 65 проценти од помладите испитаници би барале нова работа доколку нивниот работодавач ја укине можноста за работа од дома, додека повозрасните испитаници не се подготвени за таков ризик.

Приближно 26 проценти од вработените во Србија имаат можност за работа на далечина.

Околу два проценти работат исклучиво од дома, шест проценти одбираат таков начин на работа без ограничувања, а 18 проценти можат да работат од дома само во одредени ситуации.

Во истражувањето учествувале 744 менаџери и сопственици на компании и 2,710 вработени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк