Connect with us

Инфо +

Го однеле во полиција затоа што го регистрирал „ваксајнс.мк“ – гафот на Заев

Published

on

Околу половина час траел разговор на креаторот на доменот ваксајнс.мк, Адил Бакиу, во полициска станица Карпош каде денеска бил повикан по пријавата на Министерството за здравство.

Ви благодарам на сите на поддршката, иако до ова не требаше да дојде, ни на крај памет не очекував. Во ПС само разговаравме како/зошто и толку беше, околу пола саат ме задржаа, иако ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни. И ова не е перцепција, објави попладнево Бакиу преку Фејсбук.

Случајот избувна откако Министерството за здравство пријави постоење на лажна веб-страница ваксајнс.мк која ги доведува во заблуда граѓаните.

-Оваа лажна веб-страница ги доведува во заблуда граѓаните кои сакаат да пополнат апликација со што ќе искажат интерес за вакцинација против Ковид 19, и поради тоа случајот утрово беше пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, изјавија денеска од овој ресор.

Познато е, граѓаните кои што сакаат да се пријават за вакцинација треба да се пријават на веб-страницата вакцинација.мк. Според сознанијата, авторот Бакиу ја направила страницата „ваксајнс“ откако премиерот Зоран Заев неодамна така го изговори зборот „вакцините“ на англиски јазик. Доколку се отвори страницата ваксајнс.мк таа автоматски ја отвора регуларната страница вакцинација.мк каде граѓаните можат да ја извршат регистрацијата.

Балкан

📽 ОВА Е ТЕРОР ОД УЧЕНИЦИТЕ ВРЗ ДИРЕКТОРКАТА: Вучиќ објави снимка од Петтата белградска гимназија

Published

on

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави видео од Петтата белградска гимназија, на кое новоименуваната директорка Данка Нешовиќ ја напушта канцеларијата во придружба на брза помош, додека учениците ја исвиркуваат.

Вучиќ изрази загриженост за оваа ситуација, нарекувајќи ја едно од најзастрашувачките сведоштва на српската денешница.

Тој ја пофали храброста на директорката, но беше шокиран од непочитувањето и теророт што бил извршен врз неа. Вучиќ изрази уверување дека учениците ќе се извинат на наставниците и дека ќе станат одговорни луѓе.

Протест пред гимназијата организираат наставниците, учениците и родителите, кои не се против директорката, туку против Министерството за образование, кое го именувало новиот директор. Петтата гимназија е во карантин од 20 јануари, а по состанокот на вработените, 76 од 80 наставници ја напуштиле салата.

Претходната директорка, Борка Поповиќ, поднесе оставка по објавената преписка на социјалните мрежи во која се заканувала со дисциплински мерки против наставниците.

Погледнете го видеото:

Continue Reading

Свет

Шефот на украинската воена разузнавачка служба: Третата светска војна е веќе започната

Published

on

Шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирило Буданов, изјави дека Третата светска војна веќе е започната, бидејќи конфликтот помеѓу Русија и Украина ги вклучи мнозинството од најразвиените земји во светот.

Според него, ова прашање е филозофско и зависи од тоа како се гледа на ситуацијата, но од негова перспектива, ова е трета светска војна, бидејќи во неа учествуваат многу моќни и развиени нации.

На новинарско прашање за тоа што би можело да го подигне моралот во Украина, Буданов одговори дека тоа се победи. Според него, умореното општество се разбудува и се враќа во живот само кога има победи – било во воени, дипломатски, социјални или политички аспекти.

Претходно, поранешниот врховен командант на украинската војска, Валериј Залужни, исто така изјави дека војната може да се смета за трета светска војна, особено откако Северна Кореја директно влегле во конфликтот како сојузници на Русија.

Continue Reading

Свет

Разузнавачки извори: Северна Кореја распореди дополнителни трупи во Русија

Published

on

Северна Кореја испрати дополнителни војници во Русија, распоредувајќи ги во регионот Курск, изјави претставник на јужнокорејската разузнавачка агенција за АФП.

„По еден месец мирување, севернокорејската војска повторно е распоредена на фронтот во регионот Курск… и изгледа дека има дополнителни распоредувања на трупи“, истакна изворот, без да ги прецизира бројките.

Во почетокот на февруари, јужнокорејската разузнавачка агенција соопшти дека севернокорејските војници кои беа испратени во Русија, не биле забележани во борбите во Курск од средината на јануари. Според Киев, севернокорејските сили биле повлечени откако претрпеле значителни загуби.

Украинската војска го напаѓаше рускиот регион Курск во август 2024 година, и иако Русија одговори со силна контраофанзива, Киев сè уште контролира неколку стотици квадратни километри, кои ги смета за потенцијално важни за преговори со Москва.

Денес, официјално лице од јужнокорејската разузнавачка агенција потврди дека севернокорејските војници се прераспоредени во областа Курск и дека изгледа дека има и дополнителни распоредувања на сили.

Ниту Москва, ниту Пјонгјанг досега не ја потврдија присутноста на севернокорејските војници во Русија, иако двете земји потпишаа договор за безбедност и одбрана во јуни 2024 година, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Северна Кореја.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк