Connect with us

Забава

Најубавите пораки за оние кои го слават Денот на вљубените

Published

on

Ви треба инспирација за да напишете една необична порака за Свети Валентин. И ние се инспириравме од литературата за да направивме селекција на најоригиналните.

Нема потреба од цвеќиња, вечери, срценца, плишани мечиња…Понекогаш само една убава порака може да ви го направи денот посебен.

Изберете една од овие мисли или инспирирајте се од нив:

Од „Заводот за заљубени“  ве известуваме дека во овој момент некому неизмерно недостасувате. Затоа ве молиме да вратите на овој број. Благодариме.

Погледни го часовникот и се ќе ти биде јасно, никој никому не праќа пораки волку касно. Тоа го прават само оние заљубените, па размисли малку.

Кога сакаш некого мораш и да страдаш, кога ќе изгубиш љубов сакаш да ја вратиш, затоа чувај го она што го сакаш со сето срце и не дозволувај да го изгубиш.

Штом ноќта се спушти на прозорот твој низ небесната површина ти праќам бакнеж мој, нека стигне таму каде што не можам јас и нека ти каже те сакам најмила!

Понекогаш зборовите се премногу сиромашни за да го кажат сето она што се крие во срцето. Но во моето има две мали зборчиња. Те сакам!

Посакувам да сум гостин во твоите мисли, посакувам да сум вино на твоите усни, посакувам да сум бисер во твоите очи и засекогаш да останам во прегратките твои.

Нездраво, несфатливо, тотално незамисливо, невозможно, ненормално, лудо, фамозно, искрено ТЕ САКАМ!

Понекогаш посакувам да заврне дожд за да те потсети на летните дождливи ноќи, понекогаш посакувам да пропече сонце за да те потсети на летните прошетки, понекогаш посакувам ветер да задува за да те донесе до мене и да ти кажам колку те сакам.

Забава

ВИДЕО: Има среќа во работата, но не во љубовта

Published

on

Фолк „кралицата на бакшишот“ на гости во поткастот кај Антонио Димитриевски: Марија Луиса Тодоровска во „Ништо лично“

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Забава

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОБЕДНИК! Филмот Диџеј Ахмет собра награди во Јута (САД), имаме нова победничка генерација

Published

on

Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.

Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .

Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.

Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.

„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје. 

Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.

Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. 

Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.

https://youtu.be/GHBATVjjLWY?si=WtddBDNTYcPL6jdV

Continue Reading

Забава

Спасен доби неверојатно роденденско изненадување од сопругата

Published

on

И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк