Connect with us

Спорт

Нашиот Кире Лазаров стана селектор: Македонија ќе игра модерен ракомет

Актуелниот капитен на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров од денеска ја презема и селекторската функција во националниот тим.

Одлуката е донесена на вчерашната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација, а соопштена на денешната прес конференција.

“Денеска ја имам посебната чест и привилегија, сакам да кажам една вест што е многу важна за натамошниот развој на македонскиот ракомет. На вчерашниот состанок на УО на РФМ донесовме одлука за нов селектор – тренер на машката репрезентација да го избереме апсолутно најголемиот спортист во историјата на Македонија – Кире Лазаров. Се договоривме тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. За мене е чест и привилегија да ви ја соопштам таа вест, бидејќи ова е голем ден за македонскиот ракомет. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе ги биеме битките за македонскиот ракомет”, изјави првиот човек на федерацијата, Живко Мукаетов.

„Македонија под мое водство ќе игра модерен и брз ракомет, но тоа не може да се промени веднаш. Во претсојните квалификациски натпревари нема да промениме многу во однос на играта затоа што немаме време. Но понатаму верувајте дека ќе гледате една Македонија која ќе игра модерно“.

„Данска за мене е како судбина. Тренерската кариераќ е ја започнам со нив. Со Нант ќе завршам на 3. март и од следниот ден ќе бида на располагање. Со РФМ ќе направиме план за да ги искористиме што е можно повеќе деновите. Секој ден ни е важен за да воведеме нов систем. Наскоро ќе го објавам списокот од 35 играчи и мојот стручен штаб“, изјави Лазаров.

„Пред се сакам да се заблагодарам на претседателот и УО за поддршката. Предизвикот го придатив веднаш, Македонија никогаш не сум ја одбил па така беше и сега. Пред нас е голема одговорност, се надевам на долгорочна и успешна соработка“ – вели тој.

Advertisement

Спорт

Омерагиќ за иднината на македонскиот фудбал: Стратегија и планови за 2026 година

Вечерва во 19:00 часот на официјалните Facebook и YouTube платформи на Фудбалската федерација на Македонија се емитува новогодишното издание на Podcast „Куќа на фудбалот“, во кое гостува претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

На крајот од годината што изминува, Омерагиќ прави осврт на најзначајните моменти, одлуки и предизвици во македонскиот фудбал. Годината била исполнета со крупни одлуки, но и со теми кои отворија јавна дебата, нагласувајќи ги предностите и слабостите во домашниот спорт.

Интервјуто се одвива во отворен формат, со присуство на новинари од различни редакции, кои поставуваат прашања за сите актуелни теми – од репрезентативните селекции, домашните натпреварувања и судиските прашања, до стратегијата за развој на фудбалот и плановите за следната година.

„Без однапред подготвени одговори, без забранети теми. Овој разговор е за состојбите, визијата и иднината на македонскиот фудбал“, потенцираат од ФФМ, најавувајќи ги темите кои ќе доминираат во интервјуто.

Continue Reading

Спорт

Министерот Ристовски го исполни ветувањето за студентите – Реконструирани спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ во Скопје

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Министерството за спорт одговори на барањето на студентите и заедно со Општина Карпош ја реализира најавената инвестиција со која е извршена комплетна санација и реконструкција на просторот за спорт и рекреација во најголемиот државен студентски дом.

Со оваа инвестиција, студентите добија современо уредени игралишта за фудбал и кошарка со полипропиленски под, изведени според современи стандарди.

Министерот Ристовски ја истакна добрата соработка на Министерството за спорт со локалната самоуправа во реализацијата на овие инфраструктурни проекти кои овозможуваат активен и здрав живот на сите граѓани, особено на младата популација.

– Заедно со градоначалникот Лукровски го реализиравме овој проект со што значително ќе се подобри инфраструктурата на ова спортско игралиште во состав на студентскиот дом „ Гоце Делчев“. Секако , приоритет за ползување на истото, ќе имаат студентите од овој студентски дом, но и сите карпошани. Затоа, јас како министер и ние како министерство и во иднина постојано ќе се заложуваме и ќе инвестираме во подобрување на условите за спортските активности – нагласи Ристовски.

Министерот Борко Ристовски и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски заеднички се согласија дека успешната соработка меѓу локалната самоуправа и ресорното министерство ќе продолжи и во иднина, со тоа што ќе се работи на подобрување на севкупната спортска инфраструктурна мрежа на територијата на Општината.

Реконструкцијата на спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ е уште еден реализиран проект од програма на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел подобрување на условите за спорт, рекреација и активен начин на живот.

За подобрување на условите за универзитетскиот спорт и за студентите, Министерството за спорт ја почна и постапката за реконструкција на спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје што ја спроведува во соработка со ректоратот на УКИМ. Реконструкцијата на салата на УКИМ треба да биде завршена во текот на наредната година и таа одново ќе биде ставена на располагање на над 4000 студенти за спроведување на наставата и за одржување на други спортски активности.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: „Седлоски е вистинскиот избор за селектор на Македонија“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, е вистинскиот избор за оваа позиција.

„Баравме човек со ‘фајтерски’ карактер, го добивме во Седлоски, тој беше таков и на терен“, рече Омерагиќ. „Го знам како карактер, како човек и мислам дека е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата. Се работи за човек што многу дал на македонскиот фудбал како играч и сега како тренер.“

ФФМ со оваа одлука го означи почетокот на новата етапа во развојот на националниот тим, со надеж за добри резултати на претстојните натпревари.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг