Connect with us

Забава

Се покривав себе цели 24 години, сега веќе не, вие останете искомплексирани

Published

on

Некогашната натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“, сега влогерка од Куманово, Ивона Јовановиќ, со своите 25.000 следбеници на „Инстаграм“ ги сподели проблемите со кои се соочува како крупна девојка.

„Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишок кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танги и слично.

„Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години.

И најтешко од се знаете што е? Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш.

Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што? Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна. Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така.

Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе.

Избери приоритет и грижи се за себе. Затоа што тоа е единствениот пат кој води до себеприфаќање.“ – вели Ивона Јовановиќ.

Забава

Легендарните К-15 се враќаат на екраните!

Published

on

Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.

По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.

Continue Reading

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading

Забава

40 години Меморија, концерт за сеќавање!

Published

on

Членовите на „Меморија“ синоќа во исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје одржаа коцерт за паметење. Македонија покажа дека има музика, рече во еден момент лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. „Нема меморија на македонската популарна музика без групата Меморија“, рече синоќа во видео порака нашиот меѓународно признат пијанист, маестро Симон Трпчески. Перо Камиказа, заедно со Сашо Ангелов Сале, повратникот Давор Јордановски, новиот член гитаристот Рубин Димкоски, пејачите Апосотол Икономов Поце и Ристо Самарџиев, уште еднаш напрвија вистински подвиг – и македонските музичари полнат сали и привлекуваат публика.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк