Владата известува дека утре, 14.02.2021 година (недела), во 10:00 часот изутрина на граничниот премин Табановце ќе пристигне првата пратка на вакцини од Република Србија.
Што би рекле тролачите на Твитер, утре ќе има чочек на Табановце 🙂
На примопредавањето Владата извести вечерва дека ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.
Загрижена сум оти нема да стигнат тие десет вакцини од Србија по невремево..
— Кафеџика☕ (@Kafedzikata) February 13, 2021
И Заев нема да може да поигра чочек на Табановце. Мож' да ги одложи за на пролет за да ги пречека како треба! ?
Граѓаните се загрижени дека може чочек нема да се игра заради невремето и снегот 🙂
