Connect with us

Инфо +

Нема веќе шопингување во Врање – ЛИДЛ доаѓа во Македонија

Published

on

Македонските граѓани повеќе нема да мора да одат на пазарење во Лидл во Врање.  Германскиот трговски синџир доаѓа во Македонија.

Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала.

Една од најголемите компании во малопродажбата во светот во петокот ја регистрираше подружницата Лидл Cеверна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, објави вчера Централен регистар, пишува Фактор.

Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Минатата година се пишуваше за интересот на „Лидл“ да стартува со една продавница во Македонија, односно со објект кој сам ќе го гради, но истата информација остана непотврдена.

Европа

Зеленски откри која е единствената членка на ЕУ која го блокира влезот на Украина

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Унгарија е единствената земја-членка на Европската унија која го блокира влезот на Украина во овој блок.

„Што се однесува до Европската унија, единствената земја која го блокира нашето членство е Унгарија“, истакна Зеленски.

Тој додаде дека конечниот договор за завршување на војната ќе вклучува и економски гаранции за Украина, вклучувајќи членство во ЕУ, што тој го смета за клучно.

„Членството во ЕУ е точката број еден на економските гаранции за Украина. Нема алтернатива и нема дискусија. Не се против ни САД, ни земјите-членки на Европската унија, кои исто така го поддржуваат ова, освен една земја“, нагласи Зеленски.

Притоа, тој изрази уверување дека Унгарија ќе се повика на политиката на САД во врска со конечната одлука.

Continue Reading

Свет

Американските разузнавачи открија детали од планот на Путин

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин не се откажува од својата амбиција да ја контролира Украина, и покрај напорите на САД да посредуваат за постигнување на прекин на огнот, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на извори запознаени со доверливите извештаи на американските разузнавачки служби.

Според еден американски функционер, Путин има „долгогодишна желба да ја обнови ‘Мајката Русија’“ и останува решен да ја воспостави контролата врз Киев.

Оваа проценка беше вклучена во разузнавачките извештаи доставени до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 6 март.

Некои официјални лица веруваат дека дури и доколку Русија се согласи на привремен прекин на огнот, Москва би ја искористила паузата за повторно вооружување, кршење на договорот и извршување провокации кои потоа би ги припишала на Украина.

Пред три дена, за време на преговорите во Џеда, Украина се согласи на 30-дневен прекин на огнот, под услов Русија да го стори истото. Овој договор доведе до обновување на воената и разузнавачката поддршка од страна на Вашингтон за Киев.

Путин вчера изјави дека Русија е подготвена да го прифати американскиот предлог за прекин на огнот, но само ако Украина ја прекине мобилизацијата, воената обука и увозот на оружје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли условите на Путин како „руска манипулација“ и повика на посилни санкции против Москва.

Трамп, кој претходно предупреди на „погубни“ финансиски последици за Русија доколку војната се продолжи, вчера изјави дека изјавата на Путин е „многу ветувачка“, но „не е целосна“.

Европски разузнавач за Вашингтон пост изјави дека Москва го гледа Трамп како слаб, непринципиелен и потенцијално подложен на манипулации, врз основа на последните разузнавачки информации.

Ако се постигне траен прекин на огнот, Русија најверојатно ќе се врати на „хибридни“ методи како пропаганда, економски притисок и сајбер напади кои ги користеше против Украина пред инвазијата во 2022 година, додаде функционерот.

Американските власти се уште се внимателни во проценката на можните мировни услови што Путин би можел да ги прифати, но не гледаат знаци дека тој се откажал од своите напори да го врати Киев под руска контрола.

Западни безбедносни извори за Блумберг претходно изјавија дека Путин поставил „максималистички“ барања за територијални отстапки, мировни сили и украинска неутралност, свесен дека овие услови се неприфатливи за Киев и европските земји.

Continue Reading

Балкан

(ВИДЕО) Во Србија се апсат лицата кои планирале државен удар

Published

on

Како што дознава српски Курир, почнале апсењата на лицата кои планирале државен удар во Србија.

На снимката што ја шокираше Србија, која беше емитувана синоќа, јасно се слуша како група учесници подготвуваат терористички акти и уривање на уставниот поредок.

Досега се уапсени Младен Цвјетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Ладо Јововиќ. Тие се товарат за кривично дело подготвување акт против уставниот поредок и безбедноста на Србија во соучесништво во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк