Ганде Пандев беше избран за спортист на годината!

Македонскиот капитен Горан Пандев беше избран за најдобар спортист за 2020 година во Македонија на вечерашната церемонија организирана од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Пандев имаше одлична година со македонската фудбалска репрезентација бидејќи постигна гол во најважниот меч во историјата за селекцијата против Грузија и така ѝ обезбеди пласман на Македонија на Европското првенство, кое ќе се одржи ова лето.

„Жалам затоа што не сум во Македонија во моментов, па морам преку видео врска да се заблагодарам за наградата. Голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт, но за оваа награда се заслужни сите во македонската репрезентација, од селекторот, па преку соиграчите, физиотерапевтите и економите зашто создадовме семејство. Ова за мене е поттик да продолжам понатаму“, кажа Пандев.