3амислете како им било на децата пред да ги убијат додека клечеле на колена, што се не им прошло низ глава

На обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ во случајот „Монструм“ судот им одреди доживотна казна затвор. Казна затвор од 15 години доби обвинетиот Фејзи и единствена казна затвор од девет години доби обвинетиот Хаки Азири.

За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.  

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, заедно со судијата Осман Шабани и тројца портоници, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.