1. Комшиите ти доаѓаат преку ден на кафе, непоканети.
2. Денот ти почнува со кафе и цигара.
3. На аеродром ти имаш најголеми куфери.
4. Доцниш саат два на забава, и мислиш дека тоа е нормално.
5. Сите твои деца имаат прекари, кои немаат врска со нивните вистински имиња.
6. Уште саат време откако си станал да си одиш од некаде, разговараш со домаќините, пред врата.
7. Цел стан ти е прекриен со теписон. Паркетот не се гледа никаде.
8. Мајка ти ти вели дека си слаб, иако имаш прилично килограми над нормалното.
9. На секоја врата имаш ставено и завеса.
10. На масата во кујна имаш ставено пластична мушама.
11. Ѓубрето го фрлаш во кесите од кај пиљарот.
12. Кога си бил мал, мајка ти те бркала со метла или со сукало, викајќи – застаниии – за да те удри.
13. Кога имаш дваесет години, твоите родители се обидуваат да те испратат „долу„, во родната земја, за да се омажиш – ожениш, затоа што си веќе стар/а.
14. Ако не живееш сеуште со твоите родители, тие ти се јавуваат на телефон секоја вечер за да те прашаат дали си јадел/а.
15. Нормално е на свадба да се канат по 600 луѓе.
16. Татко ти се шета наоколу со доволно пари во себе, што би можел да си купи и кола.
17. Дома имате кујна со последна технологија, но мајка ти готви во подрум, на шпоретот од старата куќа.
18. Дома ти е забрането да зборуваш англиски.
19. Ако си девојка, и имаш 20 години, а не си мажена, тогаш си стара мома.
20. Животот ти е заснован на претскажувањата од шољата од кафе.
21. Твоите родители досега на одмор биле ЕДНАШ, и тоа во родната земја.
22. Твоите родители сеуште сакаат повеќе да купуваат касети, отколку ЦД.
23. Мајка ти често те опоменува да не седиш на цименто или на бетон, затоа што ќе настинеш
24. Баба ти стално те опоменува да не седиш на промаја.
25. Мајка ти често ти вели: – Ќе видиш ти кога ќе се врати татко ти.
26. Ако живееш надвор од Македонија сега сигурно климаш со глава и се смееш на ова.
27. Пиеш ракија…
Имате нешто да додадете? Па, додајте…