Кафана се отвори пред Влада (Фото и Видео)

Втора недела како угостителите или поточно сопствениците на локали специјализирани за организирање на свадбени прослави и слични семејни манифестации револтот од нефункционирањето го изразуваат на улица, со протести бидејќи не им е дозволено да си ја работат својата работа. Два пати досега, по три часа протестот се одвиваше на раскрсницата во скопската населба Автокоманда. Сообраќајот комплетно прекинат во двата правци а гужвите во главниот град не изостанаа бидејќи собирот се случува од 14 до 17 часот. Си ги бараат сопстевните права, односно да им биде дозволено да работат по строги протоколи кои ќе ги донесе Комисијата за заразни болести.

Но не само угостители, протестите се поддржани и од сопственици и вработени во ноќните клубови, уметници, музичари, фотографи, претставници на студија за декорации, од цвеќарници, исто така шминкери, модни дизајнери и луѓе со други слични професии и дејности кои се поврзани со свадбените или останати прослави. Тие испратија апел до Владата дека се незадоволни што во петтиот пакет мерки се целосно заборавени и оставени на милост и немилост.  

Прв гостин на денешната манифестација протест беше министерот Битиќи за да му објаснат за нивните загуби во периодот кога се забранети свадбите и како да се реши овој проблем.

Видео: