Тасевски: И пресудата кажете ја, не срамете се!

Кажете кој го молел да се врати наместо да се фалите дека сте го вратиле бегалецот, пишува Сашо Тасевски денеска за случајот бегството на Сашо Мијалков.

И пресудата кажете ја, не се срамете, пишува тој наведувајќи дека враќањето на Мијалков е резултат на договор, а не на успешно спроведена акција на македонските власти.

Наместо да се фалите колку сте способни што сте го вратиле бегалецот, кажете во која соседна боранија држава избегал и кој го молел два дена по телефон да се врати, зашто една странска амбасада вршела страшен притисок да го вратат. Инаку казната би била растурање на коалицијата док трепнеш.
И пресудата кажете ја, не се срамете.