Готвењето и креативноста во кујната нема граници, ниту пак познава години или пак пол. Ангела е девојче од Скопје кое има само шест години, а веќе полека, но сигурно влегува во водите на кулинарството. Таа веќе има свој YouTube канал, каде споделува видеа додека прави разни јадења, секако со помош на својата мајка – пишува порталот Скопје инфо.
Нејзината мајка Јулијана, за Скопје Инфо, ја споделува приказната на Ангела и како оваа девојче се снаоѓа добро во кујната уште од најраното детство.
Како започна приказната на Ангела и љубовта за готвењето?
Ангела уште од 4год.возраст самоиницијативно сакаше да учевствува во спремањето на нашите оброци и да поминува време во кујната. Тоа го правеше со големо задоволство и јас секако и дозволував,бидејќи сметам дека со тоа ќе стекне доста животни вештини, ке развие чувство на самодоверба и креативност, ќе научи повеќе за правилната и здрава исхрана, а и ќе се релаксира. На таа возраст се разбира правеше некои поедноставни работи како на пример мачкање на кифличките со јајце, валкање на бомбици во кокос, потопување на бисквити во млеко за некоја торта, вадење форми за колачиња со калапчиња и слично, а сега на нејзини 6 год. веќе знае и сама да работи со тесто, да сечка, да скрши јајце, да филува мафини и сл.
Сама знае да си подготви некој поедноставен сендвич, да си спреми млеко со житарки, овошна салата.
Што најмногу сака да готви, кои и се омилени рецепти?
Најинтересни за подготовката и се палачинките, мафините и се она што може да се украсува, користиме разновидно овошје , парчиња чоколадо, декорираме со слатка павлака, украсни цветчиња, срценца, или филуваме со шлаг крема во разни бои и сето тоа и е забавно и примамливо.
На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.
Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.
Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.
Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.
Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.
На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.
На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.