Connect with us

Uncategorized

Дневен хороскоп за 25-ти февруари 2021 година

Published

on

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика.

Здравје и совет

Ќе ја надминете малата меланхолија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава.

Кариера

направете се што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење.

Здравје и совет

Вежбајте повеќе.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите.

Кариера

Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност.

Здравје и совет

Можни се интересни сништа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта.

Кариера

Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите.

Кариера

Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност.

Здравје и совет

Добро ќе се држите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи.

Кариера

Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу.

Здравје и совет

Душевен немир.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра.

Кариера

Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа.

Здравје и совет

Зголемена општа сензуалност .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов.

Кариера

Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното.

Здравје и совет

Ќе сонувате интересни сништа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание.

Кариера

Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни.

Здравје и совет

Дотерајте се за да блеснете уште повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат.

Кариера

Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите.

Здравје и совет

Почитувајте го своето тело.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин.

Кариера

Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара.

Здравје и совет

Одморете се од преголемите очекувања.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени.

Кариера

Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат.

Uncategorized

Бугарската помош за Кочани не запира!

Published

on

Бугарската помош за Кочани не запира! 🇧🇬🤝🇲🇰

🆘Нашите источни соседи откако хоспитализира и лекуваа 15 повредени од трагедијата, а бугарски пратеник собра и донираше 40.000 евра, сега уште една донација.💶
🏥Бугарската фондација Гората.бг на Болницата во Кочани донираше медицински концентратори на кислород, медицински инхалатори, медицински уреди за мерење на крвен притисок – механички, медицински уреди за мерење на крвен притисок – дигитални, медицински дигитални термометри, медицински стетоскопи, антидекубитални душеци и медицински пулс оксиметри.🩺💉💊

Continue Reading

Uncategorized

100 години од букварот АБЕЦЕДАР, првата книга за деца на македонски народен јазик е издадена во Грција

Published

on

Факт е дека сѐ до појавата на овој АБЕЦЕДАР, македонското дете немало буквар, учебник, па и книга од кои можело да се описменува, да научи да чита и воопшто да чита на својот мајчин, македонски народен јазик. 
Весна Мојсова-Чепишевска**

Во светлината на неколку јубилеи за македонистиката чувствувам и радост, но и ослободување што можам пред своите колеги од двете страни на границата, македонската и грчката, да зборувам за тоа што значи и колку значи излегувањето на една мала по страници (само 40), но голема по значење, книга-буквар во Грција.

Имено, годинава, и тоа точно во мај, се навршуваат 100-те години од излегувањето на првиот буквар на македонски народен јазик за македонското национално малцинство во тогашна Грција под наслов АБЕЦЕДАР, подготвен од специјална комисија на тогашната грчка влада (Папазахариу, Сијакцис и Лазару), под меѓународно покровителство на „Друштвото на народите“ во Женева. Овој буквар е отпечатен во Атина во мај 1925 на лерински (леринско-битолскиот) народен говор со специјално приспособена латинична азбука и со нагласено фонетски правопис. А само по дваесет години, исто така во мај (5 мај 1945) се усвојува македонската азбука со што се кодифицира македонскиот јазик. Истата година, на 7 јуни излегува и првиот Правопис на македонскиот јазик. Истата година излегува и првиот БУКВАР на стандарден македонски јазик по кои учат малите Македончиња во новата учебна година во слободна Македонија.

Факт е дека сѐ до појавата на овој АБЕЦЕДАР, македонското дете немало буквар, учебник, па и книга од кои можело да се описменува, да научи да чита и воопшто да чита на својот мајчин, македонски народен јазик. Во тој контекст може да се споменат само два примера, едниот на Јордан Хаџи Константинов – Џинот, а другиот на Григор Прличев.

Важен настан од времето на учителската работа на Џинот, вели Блаже Конески, е „Таблица перваја“, потпишана со неговите иницијали, чија појава се случува некаде околу 1840 година. Тоа е еден практичен школски текст, сличен на многубројни тогашни т.н. „таблици“ што се во употреба по училиштата во Грција, Романија, Србија, Бугарија, како и кај нас во текот на повеќе децении од XIX-от век или како што потенцира Ванчо Тушевски: „Таблицата беше на мода и според неа се учеше во многу училишта на Балканот. “ (2003: 227, означеното е мое). Инаку, „таблицата“ на Џинот „содржи најголем дел мисли извлечени од „Ижица“ на Д. Обрадовиќ, и тоа од Част I Ижичини дарова“ (1973: 21)[1]. Појавата на „Таблица Перваја“ Конески ја смета како почеток на една нова епоха во развитокот на македонската просвета и писменост во XIX-от век.

Од друга страна, го имаме искуството на Прличев. Збирката поезијата за деца под наслов „Воспитание и дванадесет песни за деца“ („Воспитание или 12 н’равствени песни“) што Прличев ја подготвувал за објавување уште во 1872 година доживува неуспех. Таа никогаш не излегува од печат. Но, стои високото мислење што го има Прличев „за воспитната улога на поезијата, ставајќи ја над филозофијата и науката“ (Друговац, 1996: 19, означеното е мое), со што ја актуелизира дидактичноста на поезијата за деца во неговото време. Во овој контекст, на Прличев треба да гледаме како на еден потенцијален поет за деца, како што тоа се Јован Јовановиќ-Змај кај Србите, Иван Филиповиќ кај Хрватите или Антон Мартин Сломшек и Фран Левстик кај Словенците. И покрај тоа што Прличев во овие песни за деца не е поетски уверлив, зашто не е естетски сугестивен, тој го има мотивот. Но, вториот Хомер нема поетски здив за да го облагороди тој мотив со култивиран исказ и адекватна форма. Сепак, Прличев треба да го читаме „како прв македонски поет за деца“ (Друговац, 1996: 27, означеното е мое).

Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска за АБЕЦЕДАР-от на Научната трибина „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“

Имајќи ја предвид оваа скромна претходница факт е дека излегувањето на македонски буквар насловен како АБЕЦЕДАР е историски чин за нас Македонците. Оваа година како фототипно издание може да го има секој од нас во својата библиотека благодарение на Матица македонска. Мојот поглед кон ова издание е насочен кон можноста овој АБЕЦЕДАР да се исчита и како прв буквар и како прва книга за деца на македонски народен јазик (без притоа да се прави некоја јазична анализа).

Буквите се подредени од „а“ преку првите согласки (б/b, в/v, к/k, д/d, м/m…) и самогласки (e/e, и/i, о/о, у/u…) за да може да се прочитаат и да се напишат првите зборови (двосложни) и првите реченици, едноставни од два или неколку збора, како: „баба вика / baba vika“ (2025: 8) или „бабо вика бебе / babo vika bebe“ (2025: 9), или „детето има топка / déteto ima topka“, но и „тетка вика тука детето / tetka vika tuka déteto“ (2025: 14), па сѐ до оние гласови што се предадени како дифтунзи (Ѕ = DZ, Џ = DŽ, Ќ = КЈ, Ѓ = ГЈ …) како во речениците: „Ѕидот је висок / Dzidot je visok“ (2025: 30), „вечер имаме голем џумбуш / večer imame golem džumbuš“ (2025: 31). Притоа авторите на букварот внимавале да го означат и акцентот кај третосложните зборови кој треба да е на првиот слог. И тоа е во правец на правилниот изговор и правилното читање. Како се учат буквите, така речениците стануваат и поголеми и побројни кои кон крајот прозвучуваат и како мали текстови, како на пример: Јагнето паси во ливадата. Митре јаде јаболко и си касна јазикат. / Jagneto pasi vo livadata. Mitre jade jábolko i si kasna jázikat.“ (2025: 22). Букварот ја почитува и потребата од илустрација која функционира како диптих со самата буква и со самиот збор кој почнува на таа буква или се врзува со таа буква. Впрочем, детето, така (преку визуализацијата) полесно и побрзо ги учи самите букви и побрзо почнува да чита.

На крајот се дадени сите букви (за сите гласови од македонскиот јазик т.е. од леринско-битолскиот говор) како можна основа за идната македонска азбука, па и за некоја бушава/игрива азбука како онаа на Горан Стефановски.

Букварот продолжува со едноствани објаснувања на некои основни граматички категории (како заменки, заменски придавки, прилози за место и за време, заповеди т.е. заповедниот начин и сегашното време).

Сосема на крај АБЕЦЕДАРОТ се затвора со малата и многу значајна ЧИТАНКА која е составена од осум текста. Тие може да се читаат и како први текстови наменети за децата, како мали четива или кратки раскази напишани на тој лерински говор или на македонски народен јазик. Кога се размислува за тоа кои критериуми ја определуваат литературата како соодветна за детската рецепција, антрополошкиот и психолошкиот аспект секогаш ја имаат предвид возраста. Затоа, најчесто се тврди дека литературата за деца треба да го содржи критериумот едноставност. Изборот на теми низ едноставниот јазик кој понекогаш се обидува и да не биде премногу строг и крајно дидактички сосема одговара за возраста кога се случува и описменувањето. Темите на кои почнуваат да читаат се однесуваат на верата, човекот, семејството, училиштето, црквата … Тоа значи, дека овие осум четива сосема ја имаат предвид возраста и го запазуваат критериумот едноставност.

Општо место во литературата за деца е дека испраќачот е секогаш или најчесто возрасен (родител или учител), а примачот е дете (со сето свое неискуство, наивност, неразбирање).  Добро е кога текстот е загатка. Тогаш тој бара разгатнување. Во таа смисла возрасниот читател секогаш е во предност кога чита литература за деца и „покрај тоа што детето на неговата сегашност го надминува, психолошки и интелектуално, детето на неговото минато“ (Владова, 2001: 17). Во однос на овој критериум четивата од првиот македонски буквар се недоволно игриви, но се сосема коректно загатливи. Пред сѐ треба да се има предвид дека тие се наменети за отпочнување на процесот на читањето. Но се поучни  зашто се читаат како мали животни лекции, на пример во што е силата на човекот, што е семејството т.е. фамилијата, како треба да се однесуваме во црква, како децата се чувствуваат кога ќе добијат чаша топло млеко од мајка си, зошто и кога е Ленка лошо девојче / лоша чупа … (2025: 40). Така, овие осум текстови како да се надоврзуваат на оние поуки од „Таблица перваја“ на Џинот.

Ленка лошата чупа

Петре и Гјоргиа одат нá-поле за да играт со другáрите. Мáлата сестра на Петре, Ленка, сáкат и таја да оди сóними да игра. Петре ја нéкеше. Ленка плачи, вика и се фирли нá-земнја и фати да клоцат. Фýстано му се стори бербат. Бáбата ја слуша како плáчепе от áурот, кај дáваше сено на волóите. Истирца и ја крена, ја истресе и му даде едно цирвено јóболкои. Ленка папса да плачи и си го јаде јабóлкото.

Читајќи го текстот од самиот АБЕЦЕДАР (секако напишан со латинично писмо) се потсетувам дека токму вака зборуваа баба ми Дилба и дедо ми Ристо, од село Сетина, Леринско.

Фрагмент од букварот АБЕЦЕДАР со расказот „Ленка, лошата чупа“

А, овој последен текст „Ленка, лошата чупа / Lenka, loša čupa“ (2025: 40) како да нѐ води кон еден мал расказ во кој има и доволно драматичност и сериозна поучност (па во тој поглед некако е во дијалог со некои од оние песни за деца на Прличев). Така доаѓаме и до третиот критериум. Како најголем грев во литературата за деца се посочува токму дидактичноста поточно поучноста. Впрочем таа, самата за себе, не е воопшто лошо обележје на литературата за деца. „Прекрасно е ако литературата може да ѝ конкурира на жестоката визуелност која неконтролирано го освојува светот на детството. А дидактичноста на литературата за деца е само обратен мимезис, во неговата смисла да се препознае светот (Владова, 2001: 17)“. Така и овие мали четива (лекции) го поучуваат, но и го забавуваат малиот читател. А добрите четива може да го пренесат читателот од брегот на детството до брегот на возрасните.

Затоа е навистина штета што воопшто овој прв македонски буквар не дојде до рацете на македонските деца од Грција кои ние во секојдневниот говор сѐ уште си ја викаме Егејска Македонија.

*

Литература со која се користела проф. д-р Весна Мојосва- Чепишевска за подготовка на овој текст:

АБЕЦЕДАР. Скопје: Матица македонска, 2025.

Друговац, Миодраг. Македонска книжевност за деца и младина. Скопје: Детска радост, 1996.

Владова, Јадранка. Литература за деца. Скопје: Ѓурѓа, 2001.

Конески, Блаже. „Џинот“. Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Избрани страници. Скопје: Матица македонска, 1987, 7-39.

Поленаковиќ, Харалампие. „Изворот на Таблица перваја од Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Екот на народното будење. Скопје: Мисла, 1973, 9- 24.

Прличев, Григор. Воспитание или дванаесет песни за деца. Скопје: Детска радост, 1993.

Тушевски, Ванчо. Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Скопје: Менора, 2003.

**

Текстот на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска е всушност нејзиното обраќање на Научната трибина „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“, во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во соработка со Катедрата за словенски, балкански и ориентални јазици од Универзитетот Македонија во Солун, што се одржа на 11 и 12 април оваа година.


[1] „Во однос на „Ижица“ – „Таблицата“ на Ј. Х. Константинов ги покажува следните карактеристики. Џинот или преведува буквално, збор по збор од српски на македонски и со тоа ни дава убав македонски превод од српски јазик, или комбинира по две-три или повеќе мисли Доситееви и ги дава во еден ук, или пак ја задржува основната мисла на Доситеја Обрадовиќ и ја искажува на свој начин, со свои зборови“ (Поленаковиќ, 1973: 21).

Continue Reading

Uncategorized

Овие славни глумци ЖИВЕАТ И РАБОТАТ СО ИНВАЛИДИТЕТ, и успеваат во тоа

Published

on

Холивуд е полн со одлични актери кои го одземаат здивот со својот талент, но зад нивните успеси се кријат борби со разни инвалиди и нарушувања.

Џони Деп – слепило на едното око

Иако е еден од најголемите актери на денешницата, Џони Деп е слеп на левото око! Овој талентиран актер, познат по улогите во филмовите како „Пиратите од Карибите“, вешто се бори со својот хендикеп.

Иако многумина се восхитуваа на неговата способност секогаш да дава силни, експресивни улоги, малкумина знаеја дека за време на снимањето на филмовите, Деп мора да се соочи со голем проблем. Сепак, тоа не го спречи да стане една од најголемите холивудски ѕвезди на сите времиња.

Даниел Редклиф – диспраксија

Иако сите го знаеме како волшебникот од „Хари Потер“, Даниел Редклиф цел живот носел тежок товар – диспраксија, нарушување што му отежнува да ги координира движењата.

Овој проблем сериозно влијаел на неговата способност за движење и изведување прецизни движења, поради што често морал да се бори со сопственото тело за време на снимањето на акционите сцени. Даниел призна дека му било исклучително тешко да изведува некои физички сцени во филмови, но и покрај тоа станал еден од најомилените актери во светот.

Том Круз – дислексија

Познатиот актер Том Круз, кој изгради кариера во акција и трилери, всушност се бори со дислексијата. Иако ова нарушување му го отежнувало читањето и пишувањето, Круз не дозволил тоа да го спречи.

И покрај проблемите со учењето, тој стана еден од најпознатите и најуспешните актери на денешницата, а неговите акциони сцени често ја оставаат публиката без здив.

Мили Боби Браун – глувост на едното уво

Никој не би рекол дека Мили Боби Браун, младата ѕвезда од серијата „Stranger Things“, всушност е глува на едното уво.

Иако на почетокот на кариерата беше тешко да се соочи со предизвиците кои ги носи губењето на слухот на едното уво, Мили успеа да ги надмине сите пречки и да стане ѕвезда во Холивуд.

Леонардо Дикаприо – опсесивно-компулсивно нарушување

Леонардо Дикаприо, познат по улогите во филмовите како „Титаник“ и „Повратникот“, всушност се занимава со опсесивно-компулсивно нарушување (OCD), што значи дека е подложен на контролирање на своите мисли и однесување.

Иако многумина не се сомневаа дека ова нарушување се крие зад неговите перфекционистички особини, Дикаприо успеа да го контролира и да стане еден од најголемите актери на светот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк