Connect with us

Забава

Што треба да ставите за да привлечете голема сума на пари?

Published

on

Овој амајлија ќе привлече позитивна енергија во вашиот дом.

Кога лежиме во кревет, преку ден додека се одмараме или во текот на ноќта кога спиеме, нашиот ум потсвесно ја апсорбира енергијата на местото каде што сме, па затоа под креветот, според правилата на фенг шуи, не треба да има ништо – освен еден исклучок.

Значи, генерално, просторот под креветот треба да биде отворен. Сепак, многу луѓе практикуваат да складираат работи што не ги користат под креветот, а според правилата на фенг шуи, тоа е голема грешка.

Ако сакате добар проток на енергија во домот, не чувајте ништо под креветот освен оваа ставка. Таа ставка е „кутија со богатство“.

Што е всушност „кутијата со богатство“ ?
Тоа е специфична алатка за фенг шуи за привлекување одредена желба. За почеток, треба да изберете кутија во која ќе ги чувате работите и најдобро би било да е дрвена, бидејќи дрвото претставува заснована енергија на раст, напредок и акција.

Кога станува збор за тоа што треба да го ставите во вашата кутија, прво мора да се запрашате: „Што ќе ме направи среќен?“

Изберете предмети за кои мислите дека ќе внесат позитивна енергија во вашиот живот и што ги сакате само вие. Овие нека бидат предмети што ќе ги претставуваат вашите животни желби и склоности.

Ако сакате повеќе пари, пополнете ја кутијата со банкноти, накит, дукати, злато, скапоцени или полускапоцени камења, кристали, но не ставајте парички во неа.

Ако сакате љубов, пополнете ја кутијата со црвена боја – свеќи, природни мириси, миризливи креми и масла.

Забава

Прилепчанката Добрила Грашеска испеа македонски песни за грчкото Фолкрадио (ВИДЕО)

Published

on

Македонската етно-пејачка, прилепчанката Добрила Грашеска, која настапува во популарниот состав Чалгија саунд систем и со Добрила и Дориан дуо, деновиве се појави во програмата на грчкото Фолк радио (Folkradio.gr) и отпеа две песни. Станува збор за традиционалната коледарска песна што ја пеат децата од Прилеп, „Коледица, Варварица“ и македонската народна љубовна песна „Кој ти ги даде тие црни очи“

Снимено дома, со телефон, ама искрено и со љубов. И драго ми е што нашите соседи покажаа интерес и со такво внимание ѝ пристапија на нашата музика.- напиша Грашеска на својот профил на Фејсбук.

Добрила Грашеска, прекрасна пејачка од Северна Македонија, позната по соработките со Чалгија Саунд Систем и како дел од дуото Добрила и Доријан, ги испраќа своите желби на folkradio.gr со песни од Прилепско-стои во објавата на официјалната фејсбук страница на радиото.

Во продолжение слушнете ја изведбата на нашата Добрила Грашеска

https://www.facebook.com/share/v/12H9RSDbKLf/?mibextid=wwXIfr

Инаку, Folkradio.gr е специјалиѕирано музичко радио за афирмација и истражување на грчката народна музика. Како што стои на интернет порталот на радиото, народната музика е една од најстарите форми на култура во светот и опстанала до денес благодарение на безвременската вредност заснована на висока естетика и креативен континуитет. Folkradio.gr се стреми да ја пренесе оваа естетика и специфичноста на грчката народна музика, која можеби е родена пред многу векови во рурални услови и преку човечки контакт со природата и нејзините елементи, но денес докажува дека е многу моќно средство за изразување дури и во модерното време, кога светот се пресели во градовите и комуникацијата не познава граници.

Извор: РадиоПела

Continue Reading

Забава

Скопска Новогодишна приказна“ – Кисела Вода организира дочек на Новата 2025 година

Published

on

На платото пред спортската сала Расадник, Општина Кисела Вода ќе организира весела и незаборавна прослава на Новата 2025 година. На 31 декември, под слоганот „Скопска Новогодишна приказна“, жителите на Кисела Вода и сите граѓани на Скопје ќе имаат можност да уживаат во целодневна програма со богати содржини за сите генерации, информираат од општината.

Настанот започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители ќе уживаат во настапот на „Поточиња“, аниматорите и задолжителниот Дедо Мраз, кој овој пат ќе биде во друштво на ликот Гринч.
Вечерната програма започнува во 20:00 часот со настап на популарната група „Куку Леле,“ продолжува со Игор Џамбазов, кој е и водител на вечерта, а ќе настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“ Потоа, на сцената ќе се појават ДНК и Врчак, а кулминацијата и пречекот на Новата година ќе го означи настапот на Лозано.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски нагласува дека Кисела Вода повторно се позиционира како општина која знае да организира врвни настани со квалитетна музичка понуда, потсетувајќи на успешните културни лета кои со години привлекуваат голем број посетители.

-Додека од Град Скопје нема никаква најава за организирана прослава за најлудата ноќ, Општина Кисела Вода уште еднаш докажува дека е лидер во организирањето културни настани. Со домашни изведувачи кои се миленици на публиката, создадовме програма која ги обединува генерациите. Ова е наш подарок не само за жителите на општината, туку за целиот град. Ги поканувам сите скопјани да ни се придружат и заедно да ја пречекаме 2025 година со многу радост, музика и убави мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа „Скопска Новогодишна приказна“, која ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија- изјави Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Забава

Мизар за новите убави деца на Скопје и Македонија!

Published

on

Ќе напишам рецензија за вчерашниот концерт на Мизар, но не очекувајте никаква објективност од мене дека дури и со сила да се обидам нема да можам.

Тие кои ме познавате одамна знаете дека бев и сум исклучително голем фан. Така и ќе започнам. Се сеќавам точно на денот некаде 1991/2 кога на Зелено пазарче (на она истото каде што се продава овошје и зеленчук) ја купив касетата односно вториот албум на Мизар „Свјат Дримс“. Сѐ после ова одеше по некој природен тек на нештата или мојата желба да свирам, запознавањето со првиот албум „Девојка од бронза“, наоѓање на гаражни демо снимки од сите можни постави особено некои верзии на кои пее Горан Трајковски, па Вртев, следејќи ги сите откровенија на Мизар, па сите нови постави од Горан, па Нора, па Хармосини, Кисмет проектот на Горазд варијантата со девојката (нека ми прости ѝ го заборавив името). Да бидам малку реален сепак, некои од поставите имаа повеќе, а некои помалку успех.

Но, дури вчера во МКЦ сфатив дека секој кој „прошол“ низ Мизар имал причина или попрецизно минал дека така требало да биде за да можеме да ги слушаме во живо Мизар и во 2024 година. За жал, Мизар во постава со Горан Таневски имав можност да ги гледам само еднаш во живо пред платото на денешна зграда на влада, а тогашна ЦК. Беше групна свирка и звучеа страшно добро, а таа вечер со Деан Ќурчиев (Ќуре) мислам го запознавме и нашиот прв тапанар Пајо кој исто така беше фан на Мизар. Веќе на вториот концерт на кој бев присутен во Куршумли ан – Мизар имаа нов вокален изведувач односно пееше Нора наместо Таневски.

Во изминативе 3-4 години имав на некој начин подиректна врска, односно моите музички проекти меѓу другите локации ги снимав и правев во студиото на Нико (сегашниот вокал), „Вруток“, а таму проби правеа Мизар во горе доле екипа со вчерашната постава. Имав можност да ги слушнам неколку пати на проба и да ја осетам новата енергија. Ако не грешам Нико минатата година почна да пее бек вокали со Мизар за од оваа година да биде лид вокал. Истиот ден кога дознав за најновиот лајнап на Мизар, беше моментот кога започнав како Годо да го чекам вчерашниот ден за концертот во Скопје.

Денсинг салата на МКЦ вчера во ден недела кој не е не баш идеален ден за концерт на Мизар беше полна со народ како на времето. Локацијата за концертот е единствениот објект во Скопје кој во 2024 тоа и го залужил да биде. Пред концертот им се убацив на тонската проба и слушајќи ги како го нивелираат звукот свирејќи ја „Униније“ конечно ми дојде сознанието за она погоре што го напишав, за тоа дека секој што бил дел од Мизар бил со причина во Мизар за да остави трага, да остави ѕвездена прашинка и да ја пренесе на новите кои доаѓаат по него. И, сѐ ова за да може Горзад сето тоа да го склопи да звучи како што звучеше вчера – „силно и моќно – како да е направено за 2024 година“!

Влезот на концертот беше со новата ствар „Псалм 135“, а во првите 20 секунди присутните во МКЦ од кои повеќето не ги познаваа вокалните капацитети на новиот пејач Нико мислам дека беа разнесени од точноста, прецизноста и полниот израз на бендот. Некаде на половина песна знаев кој ќе биде муабетот утре у Скопје – „Мизар звучеа беспрекорно под конец“. На концерт бев со пријател странец кој да речеме има рафиниран музички вкус (малку повеќе џез) и кој за првпат ги слуша Мизар. Нему сите песни му имаа исто значење така што неговата констатација дека звучат како сериозен светски бенд има веројатно поголема објективна тежина од мојава рецензија. Скопје од доцните 80-ти и почеток на 90-тите вчера беше во МКЦ, но беа и нивните деца млади, некои претпоставувам ги донеле старциве на „сила“ да видат и да чујат како растеле. Но, тоа што мене особено ме импресионираше вчера е дека тие нови деца не слушаа некој стар бенд со носталгични звуци, туку слушаа зрел легендарен бенд кој произведува модерен звук.

Рецептот на Горазд – функционира и за младиве генерации.

После првите нови ствари кои ги отсвирија маестрално, со нови аранжмани започна серијата на концертот со старите ствари од „Униније“, преку „Дождот“, „Магла“ и очекуваната кулминација со „Девојка од бронза“ и хорскиот крај на сите заедно со публика и повик од истата „Разбудииииии се……разбудиииии се“!

После ова концертот течеше би рекол природно како што треба кон својот крај.

Тоа што сакам да го напишам на крај е дека ги имаме Мизар во 2024 година кои ако сакаат можат уште многу да донесат во нашево општество.

Влијанието на музиката е исклучително важно во развојот на генерации млади луѓе и тоа не само од аспект на музиката како уметност сама по себе. Факт е дека тоа на каква музика растеш, таа те води кон тоа какви книги читаш, како се образуваш, до моментот каков партнер(ка) ќе одбереш, другар, пријател, колега, дали ќе ти заминат некои од нив да станат монаси или да возат камион во САД, каде ќе се вработиш, дали ти ќе придонесуваш во социјално-општествена смисла за твојата земја одредена додадена вредност или нема и таканатака.

Мизар придонесуваат многу, веќе долги години, но тоа што ме радува е дека продолжуваат да го прават истото и тука ќе се, во Скопје, Македонија за децава во годиниве пред нас.

Извор: МКД.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк