Предлог ручек: Шпагети карбонара

Потребни состојки:

500 г шпагети

100 г сланина

100 г сирење пекорино

1 лажица маслиново масло

2 чешниња лук

3 јајца

150 мл павлака за готвење

Буковец(благ)

Сол и бибер

Начин на подготовка:

Сварете ги шпагетите според упатството за употреба. Исечкајте на сланината на ленти и изрендајте го сирењето. Загрејте масло и пропржете ја сланината. Во истата тава пропржете го лукот. Изматете јајца, павлака, 50 г сирење, додајте малку сол, бибер и буковец.

Исцедете ги шпагетите и измешајте ги со сланина и лук. Потоа додајте ги во смесата од јајца и павлака. Одозгора нарендајте го преостанатото сирење.

Чај што прави чуда за имунитетот и тежината

Необичен чај кој е комбинација на индиски зачини и топло млеко прави чуда за имунитет.

„Масала“, збор што е синоним за мешавина на индиски јазик, се подготвува од различни видови зачини, не постои „фиксирана“ комбинација, но има основа што се состои од кардамон, ѓумбир, цимет, каранфилче, црн пипер и анасон семиња.

Овој традиционален индиски чај го зајакнува имунитетот, ја ублажува надуеноста затоа што ги стимулира цревата, го забрзува метаболизмот и на тој начин помага во контролата на телесната тежина, ја подобрува концентрацијата и се буди, ја ублажува вртоглавицата и гадењето предизвикано од движење, го намалува стресот … Русите го пијат редовно , и како велат – „воскреснува од мртвите“!

Има карактеристичен остар вкус и мирис.

Како да направите чај од масала?

Компоненти:

3 лажички црн чај (или 3 кесички)

4 чаши вода

1/2 лажичка мелени или помали стапчиња кома од цимет

1/2 лажичка мелен или околу 2 см парчиња свеж, рендан ѓумбир

1/2 лажичка зелен кардамон

1/2 лажиче црн пипер во зрно

1/2 лажиче каранфилче

1 лажичка коријандер

1 чаша млеко

по избор мед или некој друг засладувач

Подготовка:

Додадете ги зачините во врела вода, покријте и варете на тивок оган 10 минути. Додадете црн чај, тргнете го од оган и оставете го покриен 10 минути. Додадете млеко и топлина за да може да се пие, но не и да зоврие. Процедете и послужете со мед.

Телевизиска меана ,,ИмаТ,немаТ” ново музичко шоу (Видео)

“Ин продукција” го реализира новото телевизиско шоу кое наскоро ќе започне со емитување на тв Алфа. Станува збор за музичко шоу во кое учество ќе земат најголемите македонски ѕвезди, Елена Велевска, Сузана Гавазова, Анета Мицевска, Стојне Николова и останати…

Телевизиска меана во која домаќин е Жанко – З’ш, кој воедно е задолжен и за хуморот во емисијата. Веќе се снимени четири епизоди, по протокол за состојбата во која моментално се наоѓаме – пренесува Музика 24.

Видео: https://youtu.be/RYrxuZxoriE

За три години платите пораснаа за 4.500 денари

Од СДСМ се пофалија дека за три години платите скокнале за 4.500 денари.

Велат дека во последните три години, од крајот на 2017 кога е исплатена просечна плата од 23.850 денари, до декември 2020 година кога е исплатена просечна плата од 28.294 денари, има раст на платите за 18,63 отсто.

„Односно, во апсолутна сума просечната плата од декември 2017 до декември 2020 година пораснала за речиси 4.500 денари. Тоа е раст за повеќе од три пати споредено со периодот 2014-2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала за 6,44 отсто, осносно за 1.443 денари“, додвааат од партијата.


Со растот на просечната плата да расте и минималната плата, бараат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

ССМ соопшти дека се залага минималната плата да порасне на 60 отсто од просечната плата затоа што е тоа европска тенденција и случај во сите европски држави. Објаснуваат дека и денес, како и кога почнале да ја пресметуваат синдикалната минимална кошничка, податоците се исти – просечната плата во земјава покрива околу 70 проценти од синдикалната минимална кошничка.

Пратеник на граничен премин викал: Никаде не чекам ред, нема ни тука!

Вчера во 18.25 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, А.С.(60) од Скопје, кој се претставил како пратеник во Собранието на РСМ и кој бил со неговото семејство со патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, на висок тон се обратил на полициските службеници со образложение дека никаде не чекал ред и дека ни тука нема да чека – пишува ТВ21.

По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе бидат изготвени поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона).  

Во минyc cyм 70.000 евpa, живeeме од платата на жена ми и пензиjaта на мајка ми

Поради пандемиjaта и pecтpиктивните мерки пејачите се без работа и пpилив на пapи.

Најпознатиот македонски фолк-пејач во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека пандемиjaта му донела финансиска кpиза.

„Секако дека е тешко. Скоро година дена како сме без настапи, преживуваме некако без музика. Меѓутоа не е лесно. Финансиски некаде сум преку 60-70.000 евра во минус. Живееме со плата и пензија од мајка ми и од жена ми и од нешто што сме имале од порано. Меѓутоа тежок е животот секако, целата економија е упропастена. Не знам како ќе се извлечеме од оваа ситуација. Немам добар поглед кон иднината“, изјави Наум за “Бекстејџ”.

Кинески „Синофарм“ ни го вратил авансот за испорака на вакцините

Кина и ги врати парите на Македонија за вакцината на Синофарм, потврдија од министерството за здравство за Канал 5.

Од министерството за здравство денеска во писмен одговор на поставеното прашање на канал 5 велат дека нема откажување на одговорот.

– Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја.

,,Вакцини нема, Ковидот не уби,со цел памет попис спроведувате”

,,Нема вакцини. Ниту еден вакциниран. Има нов бран на ковид. Не уби ковидов. И вие со цел памет, утре почнувате со попис!?
Мерките се на сила, а треба да пуштиме попишувачи дома, кои претходно биле во десетици други домови.
Па уште се заканувате со казни ако е ги пуштиме дома, ако не се попишеме.
Добро бе, има правници, адвокати да излезат во јавност да објаснат кои им се правата на граѓаните во ваква ситуација.” -пишува актерот Сашо Тасевски на Фејсбук мрежата.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159038535692180&id=604957179

Следува втора епидемија на заболувања и ментални проблеми, вели Даниловски

Пандемијата ја истакна важноста на глобалната соработка, ни покажа дека целото човештво се наоѓа на ист брод, дека сите сме делови од еден затворени систем на врзани садови, а вирусот може да се победи некаде, само ако е поразен насекаде. Но, пандемијата покажа и дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, истакна епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, кој беше предавач на онлајн дискусија што секоја недела ја организира Лекарската комора на РСМ, со цел размена на најновите сознанија и искуства во лекувањето на Ковид-19 меѓу здравствените професионалци.

– Стана јасно дека никој не може да се преправа дека може да постигне безбедност само во своите граници. Се поставува и прашање зошто одговорните политичари ширум светот не се собраа во меѓународните институции и не се договорија државните и мултилатералните цели меѓусебно да ги усогласат и надополнат, рече проф. д-р Даниловски.

Пандемијата направи да ја цениме улогата на некои луѓе чија улога во општеството обично е потценета, како што се медицинските сестри, болничарите, касиерите, куририте за брза пошта, без кои системот не може да функционира.

-Пандемијата, исто така, на најдиректен начин покажа дека докторите и другите здравствени работници во ковид-центрите се херои коишто покажуваат огромна храброст и посветеност наспроти сите потешкотии низ кои поминуваат. Важна улога играат и лекарите од примарната здравствена заштита кои на сопствените плеќи ја држат пирамидата на здравствениот систем и се грижат да го сочуваат здравјето на граѓаните, рече проф. д-р Даниловски.

Cкопје не може да не надмудри,вие тропате на вратите на ЕУ

Скопје не може да не надмудри, затоа што Македонија е таа што тропа на вратите на ЕУ, а Бугарија треба да и ги отвори, вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој порачува Македонија да не се надева многу на фактот што во Бугарија престојат парламентарни избори:

-Без оглед на политичката конфигурација во Бугарија по изборите, дали во владата ќе доминира ГЕРБ или БСП, дали ВМРО ќе учествува во владата или не, убеден сум дека нема да има бугарска партија што ќе ги предаде бугарските национални интереси, вели Каракачанов за Bulgaria ON AIR.

Ваквата „надеж во Македонија“ Каракачанов ја смета за глупост:

– И ова е глупоста во Скопје. Тие сметаат дека со трикови, со надворешен притисок врз Бугарија, можат да продолжат да ја водат оваа антибугарска политика, која ја водат со децении, наместо да седнат чесно, фер, нормално, да имаат нормален дијалог, а не да се обидуваат да не надмудрат, вели Каракачанов.

Според него, Скопје не може да ги „надмудри“, затоа што Македонија тропа на вратите на ЕУ, а тие треба да ги отворат. Вели дека контроверзните прашања ако сакаме можеме да ги решиме за половина година или за период од најмногу две години.