Connect with us

Инфо +

Нов 3акон: Нема веќе машkи или женckи пол

ВО АМЕРИКА НОВ ЗАКОН: НЕМА ВЕЌЕ МАШКИ НЕМА ЖЕНСКИ ПОЛ

Токму кога човек ќе помисли дека бесмисленоста го достигнала својот врв, редикалната левица го докажува спротивното и, за жал, теоремата дека само човечката глупост нема крај, беше потврдена пред неколку дена.Имено, Претставничкиот дом на САД го одобри законот според кој се дава официјална поддршка на ЛГБТИ+ заедницата т.е. сексуалната определба и флуидноста на полот/родот стануваат заштитени со закон и никој не смее да врши „дискриминација“ врз основа на овие категории [1].


Доколку овој закон е одобрен и од Сенатот, Претседателот Бајден веќе најави дека дефинитивно ќе го одобри и тој [2], со што истиот ќе биде наметнат како дефинитивен закон што ги обврзува сите граѓани да го почитуваат.Што значи ова?Ова значи дека досегашната дефиниција за пол / род ќе биде поништена. Наместо биолошкиот факт дека постојат само два пола – машки и женски, дефиницијата ќе биде скроена според родовата идеологија, која тврди дека полот / родот е неутрален и флуиден и може да се менува [3].


Врз основа на тоа ќе биде направена измена на сите закони и официјални документи. Со тоа, се разбира, се заштитуваат правата на малцинството од 5,6% што се идентификуваат како ЛГБТИ [4] – дел и од самите нив се против родовата идеологија, а се поништуваат и газат правата на мнозинството.
Во предлог законот се вели дека ЛГБТИ лицата не смеат да бидат „дискриминирани“ по никој основ: мора да им биде дозволен слободен пристап до апсолутно сите установи и бенефиции, како и можност да се вработаат каде сакаат [5]. Транссексуалци или едноставно мажи што ќе се самоидентификуваат како „жени“ ќе имаат слободен пристап во женски тоалети, како и потполнa слобода да се натпреваруваат во спортски категории со биолошки жени [6].

Голем број на конзервативци и религиозни организации јавно го искажаа своето негодување за последиците што овој закон ќе ги донесе. Односно, според горе објаснетото, верските заедници нема да смеат да ги одбијат ЛГБТИ лицата доколку аплицираат за работа во црква или друга верска институција (да станат свештеници, пастори, оџи итн), нема да смеат да ја негираат новата дефиниција за флуидноста на полот и нема да смеат да проповедаат дека, според нивните верски убедувања, Бог создал два пола – маж и жена. Доколку го сторат тоа, ќе одговараат за „дискриминација“ и ќе бидат казнети со парична или затворска казна [7].


Според она што е кажано во законот, јасно е дека државата ќе има целосно право над малолетните деца во случај родителите да не им одобрат да си го сменат полот, бидејќи токму тоа се смета за дискриминација и ќе биде казниво по закон. Да не заборавиме дека голем број од македонската дијаспора се наоѓа токму во САД и дека овие закони ќе ги погодат директно оние кои се наши браќа, сестри, роднини и пријатели, а сакаат своите деца да си ги воспитуваат според традиционални вредности.

Се поставува прашањето зошто успеваат да се протуркаат вакви радикални закони со кои се заштитува малцинството, а се укинуваат правата на мнозинството?Еден од факторите е тоа што бројот на лицата што се изјаснуваат како ЛГБТИ+ и оние што не се ЛГБТИ+ , но ја поддржуваат ЛГБТИ+ заедницата, во Америка е во пораст. Порастот е од 3.4% ЛГБТИ+ во 2012 година [8] на 5.6% во 2020 година и најголемиот број на лица што се изјасниле како ЛГБТИ+, секој 1 од 6 лица, се на возраст од 18 до 23 години. Најголемиот процент на трансџендер лица спаѓа, исто така, во таа возрасна група – од 18 до 23 години [4].Тука, да направиме една математичка пресметка. Оние што биле на возраст помеѓу 18 и 23 години во 2020 година се родени во периодот 1997-2002 година.

Во периодот 2012-2013 година има големо туркање на ЛГБТИ+ инклузивно сексуално образование по училиштата [9], пропагандата е веќе навлезена во сите сегменти на општествениот живот, за да кулминира со легализација на истополовите бракови во 2015 год [10]. Ако се земе 2014 како средна година (помеѓу кулминирачките настани во периодот 2013-2015), тие лица биле на возраст помеѓу 12 и 17 години. Токму оној период во пубертетот кога се развива човечкиот идентитет и секое дете си го бара своето место во општеството. Овој податок докажува една битна страна на она што денеска се наметнува со „Сеопфатното“ сексуално образование.


Имено, кога децата се постојано изложени од сите страни на индоктринација дека ЛГБТИ+ идеологијата е нормална, морална и позитивна, дел од нив со тек на време тоа го прифаќаат, почнуваат да експериментираат, да стануваат дел од таа заедница и да ја промовираат, и на крај да се борат за наметнување на нивните барања врз мнозинството. Да внимаваме нашите деца да не стекнат такви размислувања, бидејќи од училишните клупи можат да излезат или како здрави и морални личности или како либерални ексцентрици!

(линк до текстот: shorturl.at/vD048)

Стои во текстот на граѓанската заедница на Фејсбук „Преземи одговорност“, чијашто цел не е за сеопфатно сексуално образование според теркот на непознати вредности за нашата култура и поднебје.

https://www.facebook.com/prezemiodgovornost/posts/116274493804709

Свет

Координирана акција низ Европа против Балкански картел

Тројца лица се уапсени, а имот во вредност од над пет милиони евра е запленет во рамки на координирана полициска акција против припадници на т.н. Балкански картел во Германија, со поддршка на Европол.

Истражувањето го вклучи органите за спроведување на законот од Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија и Србија. Според Европол, криминалната ќелија била одговорна за транспорт на повеќе тони кокаин од Колумбија, користејќи различни методи за шверц низ Европа.

Покрај трговијата со дрога, членовите на картелот се занимавале и со перење пари преку различни компании и инвестиции во недвижен имот во повеќе земји, како во рамките на Европската Унија, така и надвор од неа.

Continue Reading

Свет

Западот спречил десетици страшни руски саботажи низ Европа

Европските разузнавачки служби тврдат дека во последниот период спречиле низа саботажи кои, според нив, биле планирани од Русија. Меѓу целите на заговорите се наводно уривање товарни авиони, труење водоводи, подметнување пожари и напади на инфраструктура, како и активирање прикриени агенти низ континентот.

Разузнавачките извори за „Фајненшл тајмс“ посочуваат дека руската кампања вклучувала експлозивни пратки испратени преку меѓународни курирски служби, кои експлодирале во логистички центри во Велика Британија, Полска и Германија. Според извештаите, секоја пратка имала доволно моќ да урне товарен авион доколку детонацијата се случела за време на лет.

Безбедносните служби велат дека биле спречени и обиди за саботирање преполни патнички возови, подметнување пожари во трговски центри, напади на хидросистеми и брани, како и труење водоводи. Исто така, биле идентификувани лица кои делувале како „заспани“ агенти со зададени мисии за диверзија.

Покрај тоа, земјите во Балтикот се соочиле со прекини на подводни кабли и серија координирани кибернапади, кои западните служби ги гледаат како дел од пошироката кампања.

„Уште не сме свесни колку многу работи се случуваат зад кулисите“, изјави Киир Џајлс од „Чатам хаус“, нагласувајќи дека целосната димензија на руските тајни операции сè уште не е разоткриена.

„Ројтерс“ пренесува дека западните разузнавачки служби забележале „остра ескалација“ на хибридните активности кои, доколку успеат, би можеле сериозно да ја загрозат европската инфраструктура и човечките животи.

Continue Reading

Свет

Тензија кај Венецуела: американски специјалци запленија брод

Американската крајбрежна стража спроведе операција во која заплени танкер во близина на Венецуела, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори.

Функционерите не открија повеќе детали за самата акција, ниту за името на танкерот и точната локација каде што било извршено пресретнувањето.

Крајбрежната стража ги упати новинарите на Белата куќа за дополнителен коментар, но засега нема официјален одговор.

Се очекува повеќе информации во наредните денови, додека медиумите шпекулираат за причините и можните последици од акцијата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг