Cрбија синоќа пречека уште 500.000 вакцини

Според ветеното за роденденот на Вучиќ, нови половина милион дози од вакцината на кинеската „Синофарм“ вечерва пристигнаа во Белград. На аеродром ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој и се заблагодари на Кина за оваа, но и за претходните пратки.

Надвор од протоколот, вечерва дојдов на аеродромот „Никола Тесла“. Нашиот најголем авион, А330 донесе 500.000 вакцини од Синофарм. Дојдов за уште еднаш да ја изразам својата почит и благодарност кон претседателот Си Џипинг и кон кинескиот народ, рече Вучиќ во видеообраќањето од аеродромот.