Ќе се формира нова специјална единица за родово насилство

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски вечерва се обрати на онлајн трибина организирана од Форумот на жени каде најави дека наскоро ќе се форимира посебна единица на Министерството за внатрешни работи која ќе се бори против родово базираното насислтво.

– МВР активно работи на барање нови форми за зеднички партнерски пристап со невладиниот сектор и граѓаните, особено девојчињата и жените кои најчесто се жртви на вакви подмолни облици на деградирање. За таа цел, Министерството ќе предложи формирање на посебна единица, посебен Таск форс за борба против родовото насилство, составен од преставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот и полициски структури како и преставници на граѓанскиот сектор, што ќе преставува своевиден линк за брзо реагирање, санкционирање и превенирање на овие појави. Нашето искуство во министерството за внатрешни работи за формирањето и ефикасноста на делувањето на овие форми е исклучително позитивно и покажува дека вакви мешовите облици на стратешко и оперативно зедничко делување на повеќе надлежни институции секоја во својот делокруг, доведува до брзи реакции, брзи завршници. Исто така, оваа еднициа ќе креира стратегија и планови за заеднички активности, почнувајќи од обуки на полицијата и другите државни оргаани, како и други адекватни активности во медиуми, образованието и во сите други области кои мора да бидат активни чинители во синџирот на постапување.

Потпретседателот на СДСМ Спасовски, потенцираше дека Министерството за внатрешни работи е пример за еднакви шанси за унапредување на жените во хиреархијата, дека и полицијата е место каде жените можат да напредуваат и да извршуваат важни и одговорни позиции.