Connect with us

Uncategorized

На 9 години била силувана, растена во сиромаштија, денеска е побогата од британската кралица

Нејзиното последно интервју фрли бомба на британскиот кралски двор: принцот Хари и војвотката Меган застанаа пред микрофонот на Опра Винфри. Самата Опра е ѕвезда од прва големина. А, таа е дури и побогата од британската кралица, пренесува Дојче веле.

Според магазинот Форбс, Опра има собрано богатство од 2,7 милијарди долари. Минатата година 67-годишната Опра беше деветта меѓу жените во САД кои заработија милијарди преку сопствен труд, а не преку наследство. Таа е исто така првата Афроамериканка во историјата што станала милијардерка.

Но Опра имала многу тежок живот од мали нозе.Таа е родена во 1954 година во трошна куќа, како вонбрачно дете на сиромашна, невработена тинејџерка во малото гратче Косијаско во Мисисипи, пишуваат странските медиуми.

Опра Винфи во 1984 година

Нејзината баба-тетка Ида предложила детето да се вика Орпа, по малку познатиот лик од Библијата, но бабицата која ја породила нејзината мајка погрешно го запишала името – Опра Гејл Винфри.

Првите шест години од животот Опра ги поминала во фармата на баба ѝ во Косијаско, соримашно место каде што уште немало современи придобивки како водовод и телефон.

Подоцна се преселила кај нејзината мајка во Милвоки, која во меѓувреме се омажила и во тој брак добила син и ќерка. Не била задоволна од животот кај мајка си, па побарала спас кај татка си. И тогаш почнал најголемиот пекол.

Во новото семејство Опра преживеала страшни искуства. Сè започнало кога имала 9 години и стравично насилство кое траело 13 години. Поради траумите кои ги доживеала решила дека никогаш нема да биде мајка.

На 14 години забременила, а бременоста била последица од силување. За да ја прекине оваа состојба, Опра испила детергент. Постојано во глава ѝ се вртеле зборовите на татко ѝ.

„Ми рече дека повеќе би сакал да ја види ќерка си како плови во реката Камберланд, отколку да му донесе срам на семејството со раѓање вонбрачно дете. Додека ми го зборуваше тоа, единствен излез од тоа гледав во самоубиството“, во една прилика изјавила водителката.

Единствената добра страна во нејзиното детство било тоа што нејзиниот татко ѝ го плаќал школувањето. Учествувала во разни ораторски натпревари, а потоа добила стипендија на Универзитетот во Тенеси, каде студирала комуникации.

Добивала награди за јавно обраќање и рецитации, а набрзо добила и целосна стипендија за студирање комуникациски и драмски уметности на Државниот универзитет во Тенеси. Во исто време, на 17 години Опра се вработила во радиото WVOL, специјализирано за афроамерикански слушатели во Нешвил, а исто така нашла време и за натпреварот „Miss Black Tennessee“, каде освоила прво место.

Поради нејзиниот тато, ги напуштила студиите и почнала да работи како репортерка и водителка на локална ТВ станица. Првиот сериозен чекор во кариерата го направила кога се преселила во Балтимор, каде се вработила во WJZ-TV News. На почетокот работела како репортер, а кога почнала попладневната емисија „People are talking“, која во тој медиум бил прикажувана од 1980-та до 1993-та година, Опра како една од водителките седела во фотелјата на ток-шоуто за првпат.

На 8-ми септември, 1986-та година почнало емитувањето на емисијата „Опра Винфри Шоу“. Потоа отворила сопствен канал „OWN“. Опра набрзо ја стекнала довербата на гледачите. Со својата емисија започнала вистинска револуција на американските, но и светските телевизиски екрани.

Била срдечна, полна со разбирање, но и директна со своите соговорници, а тој круг постојано растел. Местото ‘на каучот’ покрај Винфри станал прашање на престиж со текот на времето. За тоа дали некој е голема ѕвезда или не, се мери по тоа дали бил во нејзината емисија. Публиката ја обожава, исто како светските ѕвезди. Пред неколку децении почна нова ера продолжи со емисијата „Опра Винфри ново поглавје“ и трае до денес.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг