Connect with us

Забава

Хороскоп за 16-ти март: Денешниот ден е одличен за да ќарите пари

Published

on

ОВЕН

Работа: Можно е да бидете подготвени да се посветите на некои нови работни проекти. Имате многу идеи.

Љубов: Можно е да имате чести несогласувања во односот со саканата личност. Не сте задоволни од врската.

Здравје: Мал пад на енергијата.


БИК

Работа: Ви се пружа шанса да напредувате. На полето работа судбината ви е наклонета.

Љубов: На вашиот партнер му годи посветеноста и вниманието кое му го пружате. Може да очекувате поволен период за љубов.

Здравје: Психоматски проблеми.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Можно е да немате добра комуникација во работното опкружување и затоа да ви е тешко на ова поле да остварите подобрување.

Љубов: Ве очекува ден кој е многу поволен за вас.

Здравје: Кожата ви е чувствителна.


РАК

Работа: Можно е во вашето работно опкружување да биде промена која многу значајно ќе делува на вас.

Љубов: Саканата личност може да ви покаже подготвеност кон сериозни промени во вашата врска.

Здравје: Мали срцеви проблеми.


ЛАВ

Работа: Време е да се соочите со потешкотии кои имате одамна. Почнете да ги решавате проблемите чекор по чекор.

Љубов: Не сте сигурни која личност е вистинска за вас. Можно е на полето љубов да имате вистинска дилема.

Здравје: Чувствителни сте денеска.


ДЕВИЦА

Работа: Би можеле да ви се појават некои проблеми и компликации на полето работа. Доста работи ве оптоваруваат.

Љубов: Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и нема да се откажете додека таа не биде ваша.

Здравје: Избегнувајте алкохол.


ВАГА

Работа: Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови работни понуди која ќе биде многу важна.

Љубов: Ќе имате ново познанство со личност која ќе покаже дека е подготвена за нешто повеќе од авантура.

Здравје: Се чувствувате сосема добро.


ШКОРПИЈА

Работа: Може да очекувате подобрување на полето работа. Доста работи ви се менуваат на подобро.

Љубов: Стабилна љубовна ситуација ве очекува, ако сте во врска или во брак. Поволен период за нови познанства.

Здравје: Можни проблеми со забите.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Денеска немојте да донесите нови одлуки затоа што ве очекува неповолен ден и можна е мала штета.

Љубов: Важно ви е постепено да работите на подобрување на комуникацијата со личноста која ви значи.

Здравје: Поспаност и замор.


ЈАРЕЦ

Работа: Пред вас е фаза која може да ви донесе добри промени. Подобрување на финансиите е пред вас.

Љубов: Може да се надевате на ново познанство кое ќе ви биде од големо значење.

Здравје: Интуицијата ви е нагласена.


ВОДОЛИЈА

Работа: Ве очекува помош која ви е неопходна за да ги решите целосно работните проблеми.

Љубов: Задоволни сте од врската која ја имате. Во следниот период сериозно ќе размислите за почеток на заеднички живот.

Здравје: Добро се чувствувате.


РИБИ

Работа: Вашата посветеност кон работата ќе покаже добри резултати. Ќе бидете задоволни кога ќе ги остварите своите цели.

Љубов: Јавно покажувате интерес кон личноста која ви се допаѓа и посветени сте и.

Здравје: Ќе ви годи масажа.

Забава

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОБЕДНИК! Филмот Диџеј Ахмет собра награди во Јута (САД), имаме нова победничка генерација

Published

on

Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.

Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .

Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.

Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.

„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје. 

Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.

Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. 

Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.

https://youtu.be/GHBATVjjLWY?si=WtddBDNTYcPL6jdV

Continue Reading

Забава

Спасен доби неверојатно роденденско изненадување од сопругата

Published

on

И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.

Continue Reading

Забава

Хороскопски знаци кои најбрзо се опоравуваат по раскинување

Published

on

Некои луѓе поминуваат месеци по раскинувањето анализирајќи што тргнало наопаку, додека други едноставно продолжуваат понатаму како ништо да не се случило.

Некои луѓе поминуваат месеци по раскинувањето анализирајќи што тргнало наопаку, додека други едноставно продолжуваат понатаму како ништо да не се случило.

Во астрологијата, постојат неколку знаци кои се вистински мајстори за брзо опоравување од љубовен бродолом. Знаат да раскинат, да ги избришат солзите и да продолжат понатаму, често со насмевка на лицето и со планови за нова авантура.

Овен

Овенот е огнен знак, познат по својата бестрашност и енергија, а овие особини доаѓаат до израз и по раскинувањето. Кога врската ќе заврши, Овенот не губи време со плачење, туку веднаш продолжува напред.

За него раскинувањето е само уште еден предизвик за надминување. Неговите пријатели најверојатно ќе го видат како планира патување, испробување ново хоби или излегување со друштвото веќе следниот ден.

Природата на Овенот ги тера секогаш да се фокусираат на иднината. Немаат трпение да се вратат во минатото бидејќи веруваат дека таму не ги чека ништо добро.

Близнаци

Близнаците се познати по нивната приспособливост и дружељубивост, па затоа раскинувањето не им е толку тешко.

Кога врската ќе заврши, тие брзо наоѓаат начин да ја пополнат празнината, без разлика дали станува збор за разговор со пријателите, флертување со некој нов или едноставно нуркање во нивната љубопитност и истражување на нови интереси.

Нивниот немирен дух и потребата за постојано движење ги прави отпорни да останат заглавени во минатото. Близнаците сакаат да гледаат напред и да ја бараат следната забавна авантура.

Ако сакате да се опоравите како Близнаци, дружете се со пријателите и фокусирајте се на нови активности. Тие се вистински мајстори за одвлекување на вниманието од лошите емоции.

Лав

Лавовите се родени ѕвезди и знаат како да излезат посилни од секоја ситуација. Раскинувањето не е крај на светот за Лавот, тоа е можност повторно да се фокусираат на себе и да заблескаар уште посилно.

Неговото его може да биде повредено за момент, но Лавот брзо се враќа со помош на комплименти, социјални настани и фактот дека е Лав.

Зошто Лавот закрепнува толку брзо? Неговата вродена самодоверба и љубовта кон животот не му дозволуваат да тагува предолго.

Лав знае дека има многу големи работи пред него, па нема време да тагува предолго.

Стрелец

Стрелците се авантуристи во Зодијакот и раскинувањето го гледаат како можност за личен раст и нова авантура.

Кога една врата се затвора, Стрелецот веднаш отвора друга или пак ги пакува куферите и тргнува на патот. Нивната позитивна енергија и оптимизам им помагаат да ги гледаат раскинувањата како дел од животното патување, а не како крај на приказната.

Нивниот слободен дух и љубовта кон новите искуства не им дозволуваат премногу долго да се задржуваат на минатото. Стрелците знаат дека зад аголот секогаш ги чека нешто возбудливо.

Ако сакате да го преболите раскинувањето како Стрелец, почестете се со нова авантура, истражете нов град, запишете се на курс или едноставно излезете од вашата комфорна зона.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк