Connect with us

Uncategorized

„Живеам без ниту еден денар, има денови кога ни леб не сум ставила во уста“

Последните месеци живеам без ниту еден денар, најстудените зимски денови ги минував без струја,има денови кога ни леб не сум ставила во уста, имам најави дека и овој стан ќе ми биде одземен поради неплаќање на кирија, вели низ солзи Анче во емисијата „Срце на дланка“.

Анче Стојова во емисијата на Алфа телевизија ја раскажа својата трогална и тажна приказна низ солзи.

На 3,5 години мајка ми ме оставила во дом заедно со мојот брат, со изговор дека живеела под кирија, работела цел ден и била самохрана мајка.

„Комшиите ја пријавиле дека не се грижела доволно добро за нас. Не качила во автобус и не оставила во домот ,,11 октомври” во Капиштец. Доаѓаше да не гледа еднаш месечно, кога си одеше јас многу плачев, брат ми беше овде да ме тешеше“ – вели таа во емисијата.

Таа раскажува дека на 18 години излегла од домот…

На 18 години излегов од домот, во многу лошо време, беше тешка зима, првата ноќ откако излегов ја поминав во еден стан кај брат ми кој беше под кирија, подоцна преку една фондација се вселивем во една куќа со уште седум случаеви како нашите – вели таа.

Анче има 36 години, растела во дом без родители, сега живее во социјален стан и има инвалидитет. Од ден на ден запаѓа во се потешка состојба. Повеќе е гладна отоколку сита, повеќе е тажна отколку среќна, вербата во Бог е единственото нешто кое ја оддржува во живот.

Стојова го засакала фудбалот, почнала да игра на 16 години фудбал, има играно и за женската фудбалска репрезентација на Македонија, но еден навидум обичен проблем кој ќе и го смени цел живот.

–Почна да ми помодрува палецот на ногата, отидов на доктор и му кажав дека каква ми е состојбата и дека неможам да платам, тој ми рече да бидам без грижи околу тоа. Се испостави дека имам запишена венска артерија во ногата и ми стави ,,бај пас ” во ногата. На прстот имав црни точки подоцна се испостави дека е ган грена. Отидов и докторот ми го отсрани палецот, тоа беше непријатен момент за мене но тоа беше само почеток на проблемите – вели таа.

Таа со страшни болки пешки отишла до Државна болница, кога ја видел докторот останал без зборови.

Дури и него му дојдоа солзи и ми рече дека не сум единствена, и дека други пациенти имало што доаѓаат од тој доктор. Ми рече дека треба пола стапало да се отстрани. Се запрепастив, цел свет ми се сруши врз глава. За два дена ме оперираа и ми го отстранија пола стапало, животот од тогаш видно ми се смени – вели таа.

Анче земала 4 илјади денари туѓа нега, но поради необновување на документи и го ускратиле тој додаток. А самото обновување ја чинело 1500 денари.

Вербата во Бога и дава најголема сила, сака да работи, бара работа која ќе е соодветна на нејзината состојба, и секоја помош и е од корист во овие тешки моменти од животот.

За било каква помош може да се обратите на бројот 075 304 405.

Видео од емисијата:

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг