Професорот Дејан Трајковски од Универзитетот „Св Климент Охридски“ од Битола со своја анализа за состојбата на новозаразени и бројот на починати напиша на Фејсбук:
19.03.2021. Да тропнеш и да останеш жив дека денеска имало помалку новодијагностицирани и дека бројот на нови случаи ќе се намалувал, може да значи или дека не знаеш што зборуваш или дека си непоправливо расипан и ич не ти е гајле што народот се повеќе ќе се разболува и ќе умира поради твоја негрижа. Да, се повеќе ќе умира, затоа што од денешниве 999 нови случаи ќе умрат помеѓу 28 и 35 лица по 10-14 дена. Жален факт, но тоа е статистичка неминовност поради долгорочната и прилично стабилна стапка на леталитет од 3,15% +/-0,8%.
Некому можеби епидемијата му изгледа како зафрканција и се однесува неодговорно, ама луѓето тоа до сега го платија со 7.000 животи, сметајќи со дополнителната необјаснета смртност од извештаите на ДЗС. Од лицето на земјата е збришан цел еден град со големина на Берово или Кратово, ако некому не му е јасна бројката. Но, ајде да не зборуваме на охајбе (како нив) и да фрлиме малку потрезвен и постручен поглед на целата ситуација и да видиме зошто бројките нема да се намалуваат, барем не во наредните 7-10 дена. Нормално, неделните и понеделничките бројки не ги сметаме за намалување поради намалениот број на тестирања преку викендот.1. Ефективниот репродукционен број Rt, главната мерка на забрзувањето на растот на дневните бројки, не само што е над единица, туку се наоѓа во нагорен коридор, прикажан со парот жолти линии на првиот дијаграм.
Дури да се случи веднаш од утре трендот на Rt да ја смени насоката и да биде пробиена долната жолта линија на нагорниот тренд, со нормално темпо на намалување (под услов да нема неколкудневен локдаун 24/7), Rt најрано може да се спушти до единица околу 30 март, односно дури тогаш би запрел растот на дневните бројки. Да нема забуна, до тогаш бројките во просек ќе растат.2. Споредувајќи го денешниот петок со минатиот, денешните 999 нови случаи претставуваат јасно зголемување за околу 15% во однос на 868 случаи од пред 7 дена. За какво намалување тогаш зборуваме?3. Денешниве 999 случаи се над седумдневниот просек од 908,6 случаи, што значи дека не само што денешната вредност не е под просекот, туку е над него за десетина проценти.4. Најпростиот, најстариот и најупотребуваниот индикатор на трендот, брзата и бавната подвижна средина (на втората слика) јасно покажуваат нагорен тренд на бројките, односно јасно забрзување. 7-дневната (брзата) подвижна средина на дневните бројки (црвената линија) е упорно над 14-дневната (бавната) подвижна средина (сината линија), без наговестување за скоро пресекување. Дури и кога ќе се пресечат, поради инерција бројките не можат веднаш да тргнат надолу, како што веднаш не тргнаа ни нагоре на почетокот од февруари.5.
Бројот на активни случаи не само што нема тенденција за израмнување (премин во хоризонтала), туку дополнително забрзува нагоре. На третиот дијаграм ја гледаме линијата на квадратична (параболична) регресија, каде убаво се гледаат скоковите во саботите и забрзувањето.
Да се потсетиме, се додека бројот на активни случаи расте, тоа значи дека моментално имаме повеќе нови случаи на ден отколку пред 18 дена – уште еден индикатор на забрзувањето. Таа линија најпрво треба да стане права, па да се свитка надолу за да потврдиме намалување на бројките. 6.
Пред нас е сабота, ден со големи дневни бројки, односно ден со голем сезонски индекс според моделот на трендовско-сезонска декомпозиција. Очекуваниот интервал за утре е 1.210 +/-130. Ќе биде тоа добра лекција за оние кои мислат дека бројките се намалуваат.За 3 дена ќе заврши мајтап-полицискиот час и ќе можеме да ги сумираме резултатите од него. Но, уште отсега се гледа – од 871 стигнавме до 1.293 случаи, а допрва ќе гледаме уште поголеми бројки.
При вакво влошување на ситуацијата (за што се одговорни) и после сите очајнички барања на населението на најзагрозените општини за заострување на мерките, уште имаат лице да излезат пред јавноста и мирно да соопштат дека немало потреба од порестриктивни мерки, затоа што овие биле доволни и ќе ги собореле бројките. Како што состојбата ќе се влошува и ќе расте бројот на хоспитализирани и починати, ќе слушаме се покреативни и се поглупави изјави и оправдувања. Веќе видена работа од есенскиот бран.
Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат
На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.
„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.
Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.
„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.
Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.
Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.
Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.