Connect with us

Бизнис

Џенифер Лопез позираше до совршенство „На врвот на светот“

Published

on

Среде гласините за проблеми со свршеникот Алекс Родригез, пејачката и актерка Џенифер Лопез сподели на Инстаграм фотографија од снимањето на нејзината нова кампања, облечена во бело од глава до петици.

51-годишната Џенифер позираше во бело одело под кое носеше само градник и во нов модел на патики што ги дизајнираше за моден бренд.

„На врвот на светот“, напиша Џенифер заедно со објавата.

Но, сите прво забележаа дека пејачката позира без дијамантскиот веренички прстен, без кој претходно не се појавуваше никаде. Ова се случи по нејзините тврдења дека дава се од себе и дека заедно со Алекс прави сè за нивната врска да биде приоритет во нивните животи, пренесува списанието People.

Бизнис

Зошто складирањето на електрична енергија со батерии е важно за Македонија?

Published

on

Складирањето на електрична енергија со батерии е од клучно значење за иднината на енергетскиот сектор во Македонија, особено во контекст на зголемувањето на обновливите извори на енергија. Како што земјата преминува кон поголемо учество на обновливите извори на енергија, постои потреба за ефикасни решенија кои ќе обезбедат континуитет во снабдувањето со електрична енергија. 

Батериските системи играат важна улога во управувањето со нестабилноста на овие извори, овозможувајќи чување на вишокот енергија за употреба во периоди на недостаток. Владата на Република Северна Македонија го смета секторот за енергетика за значаен во поглед на развојот на државата и има најави за развој на инфраструктурата за складирање на електрична енергија. Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се изготвуваат законски можности кои ќе овозможат батериски системи за складирање на електрична енергија, а според добро упатени извори, во рамки на Царинската управа се разгледува опцијата и за намалување на тарифите за увоз на батерии, што би можело да поттикне инвестициски проекти во овој сегмент. 

Инвестицијата на Акуо Енерџи во соларниот парк во Штип е пример за проекти кои ќе имаат корист од вложувањето во батериски системи. Со планиран капацитет од 400 MW, овој проект ќе овозможи производството на електрична енергија за околу 94 000 домаќинства и ќе придонесе за намалување на зависноста од увоз на електрична енергија. Успешната реализација на овој проект би можела да создаде нови работни места и да ја стимулира економија во источниот регион. 

Значајно е што инсталирањето на батериски системи не само што ќе ја подобри ефикасноста на постоечките обновливи извори, туку и ќе привлече нови инвестиции во енергетскиот сектор. Овие системи ќе обезбедат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија, што е од клучно значење за економскиот развој на Македонија. Имајќи ги во предвид најновите трендови во енергетиката, Македонија е на пат да стане пример за успешна транзиција кон зелена енергија во која батериските системи за складирање сигурно ќе имаат важен удел.

Continue Reading

Бизнис

Божиновска за МАКО СИГРЕ: Работата на инженерите е основа за иднината на енергетскиот сектор

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска се обрати на свеченото одбележување на 30-годишнината од основањето на македонскиот национален комитет на CIGRE – МАКО СИГРЕ.

. Настанот, кој ги собра водечките имиња од инженерската и академската заедница, го истакна значењето на македонските инженери во развојот на енергетските системи, информираат денеска од министерството.

Во обраќањето, министерката нагласила дека инженерската професија е основен двигател на економскиот и технолошкиот напредок.

„ Успехот на нашата работа понекогаш не се гледа веднаш, но, ние знаеме дека  градиме нешто што ќе го наследат идните генерации. МАКО СИГРЕ е семејство на професионалци, мост помеѓу генерации инженери, кој гарантира континуитет во преносот на знаење. Иднината е во рацете на младите инженери, но за да успеат, потребна им е поддршката и знаењето што само искусните професионалци можат да го понудат“, истакнала Божиновска.

Министерката ја потенцирала важноста на придонесот на македонските инженери во меѓународните организации како СИГРЕ (CIGRE), кои ја позиционираат Македонија како важен партнер на глобалната сцена.

„Вашата работа е гордост за нашата држава и пример за тоа како се надминуваат границите на знаењето и технологијата“, истакнала Божиновска.

МАКО СИГРЕ, со повеќе од 100 членови – вклучувајќи водечки енергетски компании и универзитети – е значаен партнер во унапредување на енергетските политики и воведување иновации. Божиновска најавила засилена соработка со здружението, особено во примена на нови технологии и поддршка за младите инженери, поттикнувајќи ги да изберат технички професии и да дадат свој придонес во националните проекти.

„ Со обединување на стручниот потенцијал, ќе создадеме средина каде што професионализмот и одговорноста се ценат, инженерските идеи се реализираат, а младите инженери го добиваат заслужениот простор за напредок. Вашата работа е основа за иднината на енергетскиот сектор, и Ви благодарам за сè што правите и ќе продолжите да правите“, порачала министерката Божиновска.

На настанот присуствувале истакнати личности од инженерската и академската заедница, меѓу кои и претседателот на СИГРЕ, проф. Константин Папаилиу, генералниот секретар на здружението, г. Филип Адам, и претседателот на националниот комитет на СИГРЕ, г. Сашо Салтировски, со кои министерката Божиновска претходно оствари и директна средба во просториите на министерството, на која им посочи дека министерството останува посветено на развој на енергетската инфраструктура, унапредување на иновациите како и зајакнување на соработката со стручната и академската заедница за изградба на одржлива енергетска иднина.

Continue Reading

Бизнис

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Published

on

Управата за јавни приходи излезе со известување за корисниците на МојДДВ врзано со ажурирање на податоците.

Ажурирање треба да направат само оние корисници кои во изминатиот период направиле промена на својата банка или трансакциска сметка, потенцираат од УЈП.

Според евиденцијата на Управата, 5.487 лица немаат точни податоци за своите трансакциски сметки и мора да ги ажурираат своите податоци за да ја добијат исплатата.

„Корисниците на МојДДВ кои не правеле промени на банка и имаат точни податоци не треба да менуваат или ажурираат ништо! Вашите податоци се точни и исплатата се реализирана автоматски. Исплатата на повратот на МојДДВ за третиот квартал 2024 година е при крај. Законскиот рок за исплата е 30.11.2024 година.“, соопшти Управата.

По завршувањето на редовната исплата за третиот квартал, УЈП најави дека ќе започне со исплатата и за корисниците кои имале неажурирани податоци во претходните квартали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк