Голем број граѓани од непознати причини неможат да добијат државјанство на Македонија иако некои тука живеат и по 15 години. Еден таков случај кој го откривме е Аделина Китаноска, од крушевското село Свето Митрани. Таа жиивее тука од 2006-та. Во 2016 нејзиниот сопруг починува и сегa таа е самохрана мајка на две малолетни деца. Повеќе пати поднесувала барање за државјанство и не добивала. Последен пат пред 4 години, не нема одговор. Вели дека од МВР во Kрушево само дрско и рекле ако сака државјанство нека се премажи.
„Појди Крушево не може. Само мии викаат чекај го решениието, ништо друго. Институциите во Крушево ми велат да склучам брак со друг. Јас не сакам да склучам брак со друг. Имам 2 малолетни деца“, вели Аделина Китаноска, жител на село Свето Митрани.
Сега за неа и децата се грижи братот на нејзиниот покоен сопруг заедно со семејството. Китаноска нема право на сопствен имот, неможе да го наследи имотот на сопругот, неможе да добие социјлан помош, детски додаток, не може да предаде тутун на нејзино име, ниту пак и следуваше некаква помош од Ковид мерките на Владата.
„Поради тоа што нема државјанство не и се следува ништо, ниту социјална помош, ниту заштита на децата, единствена заштита засега сум јас. Таа оди како аргатинка во полето за да заработи, за да ги прехрани децата. Ако добие државјанство ќе се откочи работата, ќе има нормалне живот. Ќе зема за децата и додаток за школство. Ќе си го предава тутунот на неа, а имото нејзин ќе сии биде нејзин, мојот мој“, додава Гоце Китаноски, брат на сопругот на Китаноска.
Истиот случај е и со Софије Стојкоска, од мариовското село Крушевица. Тука е мажена 13 години, но нема државјанство. И таа е одбивана повеќе пати под различни изговори.
„Јас немам никакви права тука во Македонија. Немам право како другите жени да се работам некаде. Ништо. Можам само да се занимавам со стока нешто тука во селото“, вели Софије Стојкоска, жител на селото Крушевица.
Нејзиниот сопруг револтирано се сомнева дека државјанство може да се собие само преку коруптивни методи.
„Значи сето треба пријатели или сигурно мито давање. Како таа да влези на работа? Јас на пример утре починувам, а на мене се кравите, имотот, таа сега како ќе ги добие. А ако иима документи се ќе се среди“, кажа
И од невладината Станица П.Е.Т. од Прилеп велат дека има голем број вакви случаи во овој регион. Иако побарале одговор од МВР не добиле. Велат дека овие лица ги немаат основните права во земјава, а секое вадење на потребните документи за престој и аплицицирање за државјанство ги кошта многу.
„Недозволиво е за една административна постапка за која со закон е предвидено дека органот на државната управа треба да ја реши во рок од 30 дена да се чека со години. Голем дел од овие лица неможе да се стекнат со имот, не може да наследат имот, не може да остварат ред други права сo што се нарушува квалитетот на живот за нив лично и за нивните семејства“, изјави Весна Шапкоски, извршна директорка на Станица П.Е.Т. – Прилеп.
ОД МВР само кусо ни одгорија дека во Европската конвенција за државјанство чии потписник е и Македонија и каде било утврдено дека постапките за стекнување на државјанство се решаваат во разумен рок. Но како што стојат работите Китаноска, Стојкоска и останатите вакви примери по се изгледа ќе се изначекаат за тој т.н. разумен рок.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.