Има 591 смртен случај од почетокот на полицискиот час, а Филипче смета дека имало резултат

Mинистерот за здравство, Венко Филипче вели дека со умерена рестрикција и индивидуалната одговорност немаше експоненцијален раст на бројот на новозаболени. Тој смета дека полицискиот час даде ефект. 

„Целта на рестриктивните мерки беше да се ограничи движењето и комуникацијата на една критична категорија граѓани, кои како трансмитери беа идентификувани во делот на епидемиолошката слика, анкетите, а тоа беа помладите кои се собираа на јавни површини, паркови после завршувањето на работата на угостителските објекти и скоро секогаш без почитување на превентивните мерки, носењето маски, одржувањето дистанца“, вели  Филипче. 

Додава дека добро ја менаџирале состојбата и дека има доволен број  на кревети. 

Бројките говорат дека од почетокот на полицискиот час во земјава имаме 591 смртен случај, а над 23,000 заболени граѓани, почнувајќи од 10 март откако се воведе полицискиот час од 22 часот до 5 часот наутро.