Connect with us

Инфо +

Овчарот од Кратово се бopи за живот: Дијaгностицирано му е мoзoчно кpвaрeње и е во кoма

Шеесет и тригодишниот овчар кој за да го спасат, повеќе од пет часа роднини и медицинска екипа го носеле на раце по козји патеки, за живот се бори во Штип. Од среда вечерта е хоспитализиран на хирургија. Неговото здравје е критично. Се наоѓа во коматозна состојба и е неоперативен. Направени му се сите испитувања. Дијагностицирано е мозочно крварење, информираат од Клиничка болница-Штип.

Со спасувањето на средновечниот маж од кратовското село Емирица институциите не го положија најголемиот испит, а тоа е човечноста. Кој потфрли во целата оваа спасувачка акција? Од Здравствениот дом во Кратово велат дека тие се јавиле во пожарната служба и подрачната на ЦУК, од каде што им рекле дека не се надлежни.

„Во постојан контакт бев со градоначалникот. Му реков дека лекарот кој е на терен, бара да се испрати хеликоптер.Тој ми рече од кaде сега да бараме хеликоптер…и на тоа остана“, изјави за Алфа, дир.на Здравствен дом Кратово д-р Горан Крстевски.

Првиот човек на Кратово, кој по вокација е и лекар наместо да покаже солидарност и емпатија, тој се посомнева во стручноста на неговиот помлад колега, но и на тоа дека цели пет часа на раце во импровизирана лежалка носеле пациент. Рече, целосно бил запознат со случајот.

„Прво медицинската екипа побара трактор, но поради конфигурацијата на терен оваа барање го одбивме. Што се однесува до хеликоптерот, процедурата за летови е долготрајна, ќе се изгубеше драгоцено време, а прашање ќе беше дали и ќе го добиеме“, изјави за Алфа градоначалникот на Кратово Љупчо Бојаџиев.

Наспроти тврдењата на градоначалникот дека сите релевантни институции биле известени за случајот, од Дирекција за спасување и заштита категорични дека до нив не стигнало аларм за спасување на човечки живот.

„Доколку бевме известени, секако дека ќе се вклучевме во акцијата“, -изјави заменик директорот на ДЗС Зулфиќар Зејнулаи.

За акцијата да се спаси човечки живот реагираше и претседатетелот Пендаровски кој рече дека Армијата не добила барање за помош во спасувачка акција. Доколку такво барање дошло до неа, преку ноќ би било одобрено, бидејќи има на располагање армиски хеликоптери и стручни единици.

Фрапиран од ноншалантната демонстрација на префрлање на одговорност е и шефот на дипломатијата, кој порача дека правилото мора да биде како да се реши проблемот, наместо како да се најде оправдување за да не се делува.

Голготата за да спаси човечки живот вчера на социјалните мрежи ја раскажа младиот лекар од Кратово, кој во неколкучасовната акција бил оставен сам на себе, бидејќи сите повикани институции се прогласиле за ненадлежни.

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading

Свет

ТАЈНИ СНИМКИ: Дали Русија ќе остане без своите пари?

Европските лидери му ставиле до знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека токму тие имаат последен збор во одлуките за замрзнатите руски средства, објави „Киев Индепендент“, повикувајќи се на транскрипт до кој имал ексклузивен пристап.

Во разговорот меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, лидерите нагласиле дека Европа сама ќе го контролира процесот околу репарацискиот заем за Украина и дека токму ЕУ е единствено одговорна за управувањето со руските имобилизирани средства.

Според истите информации, САД наводно лобирале кај европските земји да ги блокираат плановите за позајмување пари на Киев, што уште повеќе ја вжештило атмосферата во разговорот.

Транскриптот открива дека европските лидери недвосмислено му порачале на Зеленски дека одлуките околу руските средства ќе ги носи исклучиво Европа – без притисоци, без надворешно мешање и без прекинување на веќе дефинираниот план.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг