Connect with us

COVID 19

Пaнoвcки против фармацевстката индустрија: Астpa3eнека е нajбeзбедна вaкцина, ова што се случува е да не се ocмели никoj да paботи без пpoфит

Published

on

Од вакцините коишто ги има кај нас најмногу податоци за безбедност има за АстраЗенека и според мене е најбезбедна, бидејќи најмногу знаеме за неа, вели микробиолгот д-р Никола Пановски по секојдневните вести во светските, но и нашите медиуми за појава на тромбоза и смртни случаи по примањето на оваа оксфордска вакцина.

– За жал во јавноста најмногу и веруваат на кинеската вакцина за која ништо не знаеме, потоа доаѓа Спутник за која нешто знаеме, па потоа доаѓа АстраЗенека. Мене ми е нелогично за другите вакцини да не се зборува. Ако сте вакцинирале денеска 3 милиони луѓе, веројатно на некој од тие 3 милиони му дошол судниот ден и без да го боцнат да добие тромбоза или да умре. И кога тоа е мерено на 100 илјади, да речеме кај Фајзер е еден кома нешто, а кај АстраЗенека е еден процент(смртни случаи по примена вакцина). Но, таа смртност на еден на 100 илјади е иста и кај невакцинирани, така треба да се спореди и тромбозата. Што, кај Фајзер и Спутник нема тромбоза, зошто би немало кај Спутник кога и таа е направена со аденовирус исто како и АстраЗенека, изјави Пановски во гостувањето на Сител.

Тој изнесе и свое мислење дека ова што се случува со оваа вакцина која е најевтина и единствена направена без профит, е опомена никој да не се осмели во фармацевтската индустрија да не работи без профит.

-Мислам дека тука, еве ќе кажам можеби тешки зборови, иако не можам да тврдам , дека ова е последна опомена до секој, да не се осмели да работи во фармацевтската идустрија без профит. Тоа испадна дека е казниво дело. Во фармацевската индустрија е прво заработка, па после пациентот. Тоа лично сум го видел како директор на Фондот за здравствено осигурување. Кога сме преговарале да купиме некој лек кој чини милион евра годишно, а им треба на две дечиња кои имаат седум, а со него би живееле 70 години, ако не ќе умрат во тешки маки, нема тука сентименталност, тие така работат, вели Пановски.

Микробиологот не ја поддржува одлуката на Владата со АстраЗенека да не се вакцинираат лица под 60 години, но вели дека тоа е веројатно поради случајот со 28-годишната девојка која прими ваква вакцина во Србија и потоа доби тромбоза. Забележува еден парадокс, дека нашата НАТО армија ќе се вакцинира со руска вакцина Спутник. За да ја долови ефикасноста на вакцините спореди дека вчера Велика Британија и Македонија имаа ист број на починати лица, земји кои се далеку во бројот на жители, но и далеку во бројот на вакцини.

COVID 19

ЈАС И ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ, ТРИ ГОДИНИ ЏАБЕ ТРОШЕВМЕ ЗБОРОВИ И ВРЕМЕ: Никому ништо не му влегло во глава!

Published

on

Докторот Драган Даниловски, во гостувањето на ТВ Сител, се огласи по повод новиот ковид бран за кој што медиумите се повеќе пишуваат.

Линк до постот на професор доктор Даниловски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3455421298043933&id=100007282895748&mibextid=Nif5oz

Continue Reading

COVID 19

Прва тужба во Германија поради последици од вакцината на Фајзер против ковид

Published

on

Фармацевтската компанија Бајонтек утре ќе се појави на суд во Хамбург по тужбата во која Германка бара отштета поради тешки последици од нивната вакцина против ковид-19. Ова е првата во низа можни тужби во Германија поради нуспојави од вакцината.

Жената го тужи германскиот произведувач за најмалку 150.000 евра за нанесување телесни повреди и надомест за неодредена материјална штета, се наведува во барањето за отштета кое го решава општинскиот суд во Хамбург.

Тужителката тврди дека поради вакцината имала болки во горниот дел од телото, отечени нозе и раце и нарушено спиење. Нејзиниот адвокат Тобијас Улбрих кажа дека планира да ја оспори проценката на германскиот регулатор и Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината на Бајонтек има позитивен сооднос на корист и штета.

Според германскиот закон, произведувачите на вакцини и лекови се подложни на тужби и отштетни барања ако „медицинската наука“ покаже дека нивните производи предизвикуваат несразмерна штета или ако упатствата за лекот се погрешни.

Бајонтек, кој вакцината ја разви во соработка со американски Фајзер, ја смета тужбата за неоснована. Таа вакцина, истакна компанијата, ја примиле 1,5 милијарди луѓе низ светот, вклучувајќи над 64 милиони Германци.

ЕМА тврди дека вакцината е безбедна и дека во првата година од пандемијата помогнала во светот да се спасат речиси 20 милиони животи. ЕМА, меѓутоа, признава дека по вакцинирањето постои мал ризик од развој на миокардитис и перикардитис, два вида на воспаленија на срцето и дека во голема мера ги погаѓаат младите мажи.

Агенцијата досега примила околу 1.7 милиони жалби за нуспојави кои се развиле по примањето вакцина против ковид-19. Станува збор за 0,2 случаи на 100 примени дози.

Во Европската економска зона (ЕЕА) се примени 768 милиони дози вакцини против ковид-19. Најчестите и вообичаени нуспојави се главоболка, треска, замор и болка во мускулите.

Continue Reading

COVID 19

СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ – Шефот на ФБИ вели дека коронавирусот веројатно потекнува од лабораторија во Вухан

Published

on

Во интервјуто за Фокс њуз, шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија. Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири кон крајот на 2019 година, по што прерасна во глобална пандемија, јави Би-би-си.

„ФБИ веќе подолго време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент“,

изјави Вреј.

Во интервјуто за Фокс њуз шефот на ФБИ рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија.

Коментарите на Вреј доаѓаат еден ден откако американскиот амбасадор во Кина ја повика земјата да биде поискрена околу потеклото на коронавирусот.

Претходно и американското Министерство за енергетика изјави дека пандемијата на коронавирусот е предизвикана од кинеска лабораторија. Други американски владини агенции донесоа различни заклучоци со различен степен на доверба за наодите на ФБИ. Некои од нив со ниско ниво на сигурност рекоа дека вирусот не започнал во лабораторија, туку бил пренесен од животни на луѓе.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби во понеделникот рече дека американската влада не постигнала конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

„Кина остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот. Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот“,

рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Тензиите во билатералните врски меѓу САД и Кина се зголемија по неодамнешната сага за кинескиот балон кој се појави над САД.

Покрај ова, Соединетите Американски Држави директно ја предупредија Кина дека ќе ги таргетираат и ќе воведат санкции за нејзините фирми или луѓе вклучени во какви било напори за испраќање воена помош за Русија, односно за руските војници кои се вклучени во инвазијата на Украина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк