Connect with us

Uncategorized

Како да се вратиш во родната ни земја – Да се вратиме за да ни ја доцица и крвта, да ни го доизеде и џигерот!

„Ако се инфицираш со ковид-19 во Малта и случајно добиеш тешка клиничка слика, можеби ќе треба да те постават на респиратор. Се’ е бесплатно за пациентот. Не одат роднините да трчаат и да набавуваат боци кислород, како моите роднини во Македонија. Ако треба, а секако ќе треба, шишиња инфузии, и тие се овде бесплатни, а не како за братучетка ми да трчаат домашните по пријатели и да бараат да купат инфузии, па што поскоро и ги однесат во болница.

А ако сликата е премногу тешка, па да мора да се прави и “филтрација” која во Македонија чини 12.000 евра, е и тоа е овде бесплатно за пациентот, важно е да се спаси животот, а покрива се’ државата. До цент.Тоа важи и за нас дојденците и за нив, автохтоното население.

И после пак ќе ме прашувате како тоа не сакаме да се вратиме во родната ни земја, во земјата каде цел живот плаќавме редовно даноци, здравствено и пензиско осигурување, каде редовно ги плаќавме сите комуналии и давачки? Да се вратиме за да ни ја доцица и крвта, да ни го доизеде и џигерот? Не, никогаш.

Нашата прекрасна земја Македонија е во нашите срца каде и да сме и до последниот здив ќе ја пренесуваме од колено на колено.А вашата ужасна држава Македонија, или Северна Македонија (како и да сакате), ви ја оставаме вам, како ви чини така форматирајте си ја. (Ние ќе си стоиме настрана и може само да си коментираме, одвреме-навреме, од болка и од тага, што го доживеавме тоа што не верувавме дека некогаш и ќе се случи).

А понатаму наместо да не’ прашувате зошто дојде вака да се чувствуваме, прашајте се самите како тоа државите во кои сме ‘дојденци” не’ третираат со максимален респект и според сите општествени и цивилизациски норми. А за другите нешта и да не зборувам, доволно како пример е само оваа тешка и несекојдневна ковид-ситуација која не’ засегна сите, каде и да сме.

И помислете уште еднаш дали се’ уште треба нелогично да го браните и безумно да го поддржувате она кое не чини и она кое очигледно дека профитот го става пред етиката и моралот дури и кога се работи за хумана обврска во едно општество?

А не е само ова, здравството е само капка во морето небулози и проблеми што и понатаму го бркаат секој млад и умен човек од таа држава таму, заплетена во криминално-хохштаплерска папазјанија“ – пишува граѓанин Игор Филевски на Фејсбук.

Ако се инфицираш со ковид-19 во Малта и случајно добиеш тешка клиничка слика, можеби ќе треба да те постават на…

Posted by Filevski Igor on Sunday, April 4, 2021

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг