Connect with us

Uncategorized

Авторка на книги за готвење лажно тврди дека со ПЦР тестот се вметнува чип

Tестирањето за ковид-19 не вклучува собирање на примероци од крв, како што се тврди во постот на Фејсбук. ПЦР тестот се прави со земање на брис, што претставува стапче со памучен врв. Стапчето се става во носот и во грлото, процедура која што нема никаква врска со собирање крв. ПЦР тестот, со којшто се детектира коронавирусот, е одобрен од Светската здравствена организација (СЗО), тој е безбеден и за таа цел се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19. Селесте Солумн, не е поранешна вработена во ФЕМА, туку на Амазон каде може да се купат нејзини книги за готвење

Во исклучително вирален пост на Фејсбук споделен 145 пати, се тврди дека поранешна вработена во американската агенција одговорна за координирање на владиниот одговор на катастрофи, како на пример урагани и терористички напади, објаснила дека со ПЦР тестот се вградува микрочип. Оваа агенција скратено е наречена ФЕМА (Federal Emergency Management Agency).Значи, тестовите за ковид -19 никогаш не биле тестови. Тие имплантираат чипови, вметнуваат наноботи наречени нанити со носивост на био-оружје за мозокот, а истовремено берат ДНК.ПЦР брисот се става директно во Назофаринксот зад носот и челото каде што се твоите очи. Тоа е на крвната мозочна бариера и веднаш до вашата епифиза. Верувам дека тие ги допираат сетилата на луѓето со овие биооружја и ја убиваат човечката интуиција и вашата способност когнитивно да видите што ни прават. Тие ги допираат нашите сетила и го насочуваат мозокот со нанити кои носат товар како што зборуваше Селесте на претходните видеа. Ова е војна. Сериозна војна.ОДБИВАЈТЕ „ТЕСТ“, ОДБИВАЈТЕ ГИ МАСКИТЕ И НИКОГАШ НЕ дозволувајте да ве боцнат со игласе тврди во виралниот пост.Освен што во него се изнесени информации кои немаат заснованост во реалноста и во медицинската наука, овие тврдења се атрибуирани на извесна Селесте Солумнсамопрогласена поранешна вработена во престижната Американска агенција за менаџмент на кризи, формирана во 1978 година од поранешниот претседател на САД, Џими Картер. Таква вработена во ФЕМА нема, а за тоа извести и „Ројтерс“ во својата проверка на факти, повикувајќи се на извори од самата Агенција, која информирала дека Селесте Солумн  никогаш не била вработена во ФЕМА.Солумн тврди дека кога се зборува за ПЦР тестот, инаку златен стандард за откривање инфекција со коронавирусот, станува збор за собирање на крв и ДНК и дека тие информации одат директно во квантни супер компјутери. Според нејзиното небулозно и со ништо непоткрепено тврдење, целта на ваквото собирање крв е да се извадат податоци од длабоката историја на семејството на тој што се тестира.Наспроти оваа лага, тестирањето за ковид не вклучува собирање на примероци од крв. ПЦР тестот се прави со земање на брис, што претставува стапче со памучен врв. Стапчето се става во носот и во грлото, процедура која што нема никаква врска со собирање крв.

Како што и претходно пишувавме, познато е дека молекуларниот тест (ПЦР тестот), со којшто се детектира коронавирусот, е одобрен од Светската здравствена организација (СЗО), тој е безбеден и за таа цел се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19 – пишува екипата на Вистиномер.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг