Доколку сакате кафеава боја во тенџерето каде што ќе се варат јајцата додајте лушпи од кромид, за портокалова боја рендан морков, за светложолта цветови од камилица, за виолетова и темноцрвена боја цвекло, а за светлоцрвена родква или кора од врба
Модерното време ни донесе бои од ќесички, многу дополнителни украси, едноставно вапцување на велигденските јајца. Но, ништо не ја менува традицијата, искуствата на домаќинките кои години наназад не отстапуваат од нивните проверени методи за вапцување и украсување велигденските јајца со бои кои ги подготвуваат сами од продукти од природата. Впрочем здравиот живот е се’ повеќе во тренд па можеби за природниот начин за вапцување, кој ви го предлагаме, ќе треба да одвоите малку време, но добиените вапцани и ишарани јајца ќе бидат поздрави и секако оригинални. Доколку сакате кафеава боја во тенџерето каде што ќе се варат јајцата додајте лушпи од кромид, за портокалова боја рендан морков, за светложолта цветови од камилица, за виолетова и темноцрвена боја цвекло, а за светлоцрвена родква или кора од врба.Имајте на ум дека колку повеќе ги оставате јајцата во подготвената течност толку поинтензивна боја ќе добијат. Жолта боја: Зачинот куркума и морковот ќе ви дадат жолта боја, а интензитетот на бојата се зголемува со истовремено користење на двата материјали. Три лажици од зачинот во прав куркума измешајте со три лажици од изренданиот морков. Варете 30. минути и оставете да се излади, потоа прецедете ја смесата. Во изладената течност ставете, топли, сварени јајца и оставете да ја апсорбираат бојата, околу 30. минути до еден час. Наместо зачин куркума може да употребите и шафран. Шафранот и ренданиот морков ги оставаме да отстојат 4. часа, а потоа ги вариме половина час.
Црвена боја: цвекло – бојата ја подготвуваме со 3. чаши сок од цвекло и 1. литар вода, на што се додава и’ лажица бел оцет.Во подготвената боја, на тивок оган варете ги јајцата околу 15 минути, на средна темпертура и оставете да отстојат во неа. Колкав ќе биде интензитот на црвената боја на јајцето, зависи од тоа колку време јајцето ќе отстои потопено во течноста. Јајцата се оставаат во течноста најмалку уште 30 минути, а доколку сакате потемна црвена боја оставете ги јајцата до еден час.
Окер – црвено – кафеава боја: 2-3 раце лушпи од кромид на еден литар вода. При бојадисување со лушпи од кромид, може да постигнеме различни нијанси на бои. Доколку јајцата после варење, со лушпите во кромид ги оставиме да отстојат кратко време во изладената течност, добиваат златно жолта боја.Ако пак јајцата после варењето отстојат подолго време во течноста, ќе добиеме црвено кафеава боја. При бојадисување на јајцата со лушпи од кромид, често пати лушпите се користат за украсување на Велигденските јајца, со сликички во форма на разни листови или цветови.
Виолетова боја: Сок од малини или црвено вино (домашно) за да се добие пурпурно црвена боја. Јајцата се варат во течноста 15. минути и ги оставаме да се изладат во течноста во која се вареле. При користење на вино, на површината на јајцето се оформуваат мали кристалчиња.
Сина боја: Црвена зелка ситно рендаме и врз неа наливаме вода колку што е потребно целосно да ја покриеме и вариме 30. минути. Потоа ја оставаме да отстои еден ден и процедуваме.Во изладената течност ги оставаме претходно сварените јајца да отстојат 30 минути. Течноста за бојадисување има темно црвена боја, а јајцата се бојадисуваат сино.
Портокалова боја: Се добива со зачинот црвен пипер – но внимавајте оставете ги јајцата само 10. минути и веднаш извадете ги.
Зелена боја: Ситно исечкајте спанаќ и налијте вода колку што е потребно целосно да се покрие.Оставаме да отстои 4. часа, потоа спанаќот се вари 30. минути и се остава да се излади.Во изладената течност за бојадисување ги потопуваме варените јајца и ги оставаме 30 минути. Наместо спанаќ може да употребиме и коприви.
Кафеаво – зелена боја: 30-50 г. чај од нане се меша со еден литар вода, 2. лажици оцет и се вари 30. минути. Може да се додаде и по некој лист од орев, ако имате. Така добиената течност за бојадисување се остава да се излади и во неа ги бојадисуваме јајцата – времето на бојадисување зависи од саканата боја. Колку подолго се јајцата во течноста, толку потемна боја добиваме.
Создавање на камени (мермерни) јајца Ќе добиете јајца што ќе изгледаат како камени доколку пред бојадисувањето ги завиткате во газа. Вака завиткани ставете ги јајцата во сад со сина боја. Откога ќе се сварат, отстранете ја газата и ќе добиете јајца со најразлични шари што ќе се прелеваат од светла- до темно-сина боја.
Бојадисување со листови Омиленото бојадисување на многу жени е токму бојадисувањето со помош на листови. Одберете листови и цветови од природата што ќе дадат убава шара и поставете ги правилно на јајцата. Внимавајте да не се извиткаат, па преку нив навлечете чисти најлон чорапи што ќе ги заврзете во цврст јазол (доколенките се одлично решение – па и да имаат по некој испуштен конец). Вака подготвени, потопете ги јајцата во бојата. Варете ги по стандардната процедура, а кога ќе бидат готови, извадете ги од тенџерето и оставете малку да се исцедат. Потоа, исечете го јазолот со ножици и внимателно отстранете го листот. На крај, намачкајте ги со масло за јадење за да добијат сјај.
Бојадисување со ластичиња и восок Интересна шара добиваат и јајцата на кои пред да ги потопите во бојата сте им нанеле кујнски ластичиња во различни насоки. По боењето, отстранете ги ластичињата. Сличен ефект се добива и со помош на восочни форми. Со помош на вжештено перо нанесете восок (може и од црковни свеќи) на јајцата во различни форми. Потопете ги во бојата, а кога ќе се сварат отстранете го восокот, најдобро со фен. Делот на кој бил восокот, односно ластичињата останува необоен.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.