Uncategorized
Зошто ни е тешко да веруваме во Божјата промисла?
Како луѓе тешко ни е да се довериме. Како Христијани тешко ни е да се научиме на она што во животот со Христа го нарекуваме „предание“, односно препуштање на Божјата промисла. Црквата постојано нè повикува преку литургиските текстови да ги почувствуваме зборовите „сиот свој живот на Христа Бога да Му го предадеме“. Сепак, ние упорно се бориме. Нашето нарцисоидно јас сака сè да контролира. Сака да ги гледа остварени своите зацртани планови. Секојпат кога не го постигнуваме тоа, ние се разочаруваме и се одрекуваме од Бога.

Но, Христос нè повикува да се довериме и да се препуштиме на Божјата промисла, на Неговата спасителна грижа за нас, за секој човек, за историјата и за созданието. Во Црквата не веруваме во некои свештени принципи и вредности, не прифаќаме религиозни теореми, туку создаваме врска со Бога, со луѓето, со созданието. Верата во Црквата има врска со една Личност, Која ја спознаваме секојдневно, ни се открива преку различни настани, доживувања и опити, преку секојдневниот живот. Доволно е човекот да може да види, а не само просто да гледа.
Премногу е тешко да се препуштиме на Оној Бог и на таа врска, воопшто на тоа кое го нарекуваме тајна на животот…
Нашата немоќ да се предадеме на Божјата волја и промисла ни создава многубројни, последователни секојдневни проблеми во врската со себеси и во врската со другите. Замислете си човек кој влегол во една река и не сака да прифати дека треба да плива по нејзиното течение. Но, реката има само една носталгија – морето. Со други зборови, дали е насилно или доброволно, ако се впуштиме во течението ќе стигнеме до морето. Тоа е една метафора, за да разбереме дека ако се оставиме на течението на работите и на настаните зад кои се крие Божјата промисла, ќе стигнеме во прегратките на Бога, ќе стигнеме до една внатрешна полнота. Но, ние напротив, што правиме? Застануваме неподвижни спроти течението, ја отфрламе Божјата промисла и си ја „кршиме“ главата. Но, зошто ни е толку тешко да се препуштиме?
Според христијанската антропологија, човекот е тварен. И тварноста, т.е. смртноста на човекот има некои црти како што е променливоста, односно фактот дека сè е променливо и во секој еден момент може тоа да се измени. Како што кажал Хераклит: „Никогаш еден ист човек не може да влезе во една иста вода два пати“. Тоа значи дека не постојат апсолутни константи, туку сè се менува постојано.
Еден друг елемент кој го има тварноста во себе – е недоволноста. Во душата секогаш имаме едно чувство на недостаток и во сè што правиме, чувствуваме дека нешто недостасува. Создаваме една желба врз која го проектираме нашето вообразување. На тој начин сметаме дека ако ја постигнеме и доживееме таа желба, тогаш ќе бидеме најсреќните луѓе на светот. Но, дури и кога би стигнале до тој објект на нашиот копнеж, тој во истиот момент во кој ќе го вкусиме, го демитологизираме. Ни се чини мало и недоволно. Лакан, француски психоаналитичар, кажа дека желбата нема објект; секојпат кога ќе задоволиме една желба, нејзиниот објект недостасува. Тогаш, таа празнина станува повик повторно да се покрие еден нов објект на желбата, кој исто така, ќе го потхрани тој недостаток. Се разбира, тој латентен процес е израз на една егзистенцијална вистина, на жедта на човекот за апсолутното. Ова е значајно за богословието.
Сега доаѓаме до еден друг елемент на смртноста, а тоа е посебноста, т.е. човечката несеопфатност и нецелосност. Само Бог е целосен. Човекот учествува во еден мал дел од работите и тоа секогаш го ограничува. Пространството и времето, кои исто така, се елементи на човечката тварност, ја затвораат човечката ипостас и ја исправаат до ѕидот, а смртта иронично ѝ намигнува. Каде и да погледне човекот, секаде ја среќава смртта, тој последен човечки непријател. Неслучајно психологијата смета дека зад секоја болест и душевно растројство, вклучувајќи ја и неврозата, стои егзистенцијалната тревога од смртта. Сега сме тука, во овој момент и ден, не може да сме и некаде на друго место. Тоа е едно ограничување, една несеопфатност. Човекот не може да стаса до целовитоста на нештата, тоа е еден елемент само во Бога и некои светители кои ги надминуваат овие ограничувања и со тоа учествуваат во светоста на Бога. Во одредени моменти ја доживуваат донекаде таа сеопфатност во нивната љубов и доближување до Него. Така, тие во едно лице го сакаат целото човештво, во погледот на едно животно можат да го сакаат целото битие, да страдаат за секое суштество кое се мачи и доживува болка. Сликата на едно рането животно може да ги растресе и да го почувствуваат падот на целото творение. Во житието на Свети Силуан Атонски се вели дека еднаш видел змија на Света Гора која била удрена и пресечена, очигледно некој од поклониците ја удрил, и гледајќи како се грчела кратко време пред да умре, веднаш ги преживеал сите човечки падови низ вековите.
На крај, друг елемент кој го носи со себе тварноста, е ентропијата. Човекот, вселената, целото создание има една деконструктивна динамика. Тоа кое цвета, венее, се подига и потоа паѓа. Го преживуваме тоа секој ден во нашиот духовен став, во нашите мисли и доживувања. Чувствуваме еден ентузијазам, а после тоа тој се намалува. Чувствуваме радост и полека таа ослабнува; грижа, радост, разочарување, вера, неверие… Сите тие доаѓаат едно по друго.

Ги споменавме сите елементи на смртноста и на тварноста, за да сфатиме дека тие создаваат страв и несигурност во човекот. Факт кој го поттикнува да сака да има контрола над сите состојби.
Стравот и тревогата од смртта се затскриени. Ние користиме маски во своето секојдневие. Тие не се покажуваат директно, туку се мешаат со други состојби. Затоа и не може да се препознаат лесно. За да може човекот да го контролира тој страв од смртта, се обидува да „озакони“ една вообразена бесмртност, односно да создаде една бесмртност преку контролирање на работите. И, како го прави тоа? Го прави со едно светско однесување кон власта, парите, силата, шармот, пансексуалноста и други работи, преку кои сака да се почувствува како господар врз животот од кој, всушност, се плаши. Тоа господарење е апсолутно кревко и смртно.
Би сакал во контекст на ова што го кажавме, да видиме некои мисли кои го засегаат стравот на човекот да се препушти на течението на животот, на Божјата промисла. Кои се менталните и душевните пречки кои го држат далеку од ова спасително препуштање?
- Првото е дека го мешаме препуштањето на Божјата промисла со повлекувањето од животот.
Со други зборови, при охрабрувањето „препушти се на Божјата волја, немој сè да контролираш…“, доаѓа приговорот дека ова препуштање е дефетизам или малодушност кое создава еден безволен човек.
Конфузијата е очигледна откако препуштањето на Бога и на животот се меша со повлекувањето. Едно е „повлечи се“, кое значи дека стануваме безволно суштество – не учествуваме во животот, не преземаме одговорност, не учествуваме во формирањето на нашата лична историја во директна соработка со Божјата благодат, и друго – се предавам и се повлекувам од животот. Првото се откажува од персоналноста и Божјиот призив кон човекот. Второто ја содржи динамиката на врската. Бог сака човекот да биде одговорен за својот живот. Затоа и во библиските раскази во Битието, Бог ги поставил Адам и Ева пред еден избор, односно пред еден акт на одговорност. Бог сака еден човек, кој се повлекол од својот призив, кој е подобие Божјо. Заповедта за богоподобие содржи креативност, борба, движење кон Некој.
Црквата и животот во Христос не се живот кој гледа во минатото. Ниту, пак, се ограничува единствено во сегашноста, туку се открива во иднината. И иднината има одговорност. Идентитетот на Црквата се извлекува од есхатологијата на Божјото царство. Тоа идно ветување станува опит и вкусување на животот во Светата Евхаристија. Таму вкусуваме дел по дел од она кое доаѓа, но сè уште не е тука. Бог не го остава секојдневието на животот без сведоштво за Неговото присуство. Ако некој може да види, гледа дека зад сè и во сè стои Тој.
Оттука, препуштањето на Божјата промисла во никој случај не е повлекување од животот. „Се препуштам“, значи ќе се потрудам да ја вклучам Божјата волја во моите планови. Го кажувам тоа кое го чувствувам или мислам дека е правилно, ги земам своите решенија и се обидувам да ги остварам, но секогаш се молам и ја барам Неговата волја.
Не ги отфрлам тешкотиите и разочарувањата, грешките и неуспесите, болката и испитанијата кои ќе дојдат. Ги прифаќам како дел од процесот, како созревање на мојата желба. Разбирам дека од другата страна на моите планови постои Бог, Кој гледа и знае многу подобро од мене, што е најголемата полза за мене. Се обидувам да ги прочитам знаците и сведоштвото Господово во мојот живот, да видам и да разберам што сака од мене, што сака да ми каже или да ми даде во развојот на мојот живот.
Тоа што може да се промени треба да го променам. Она што не може да се промени, го прифаќам и се учам правилно да му приоѓам. И очекувам една нова можност за промена. Ќе дојде. Животот, тоа се етапи и моменти. Тоа, што не сум го постигнал во минатото не значи дека во иднина нема да ми се даде. Тука ја гледам антрополошката можност на гореспоменатите богословски вистини, дека нашиот идентитет го црпиме не од нашето минато или сегашност, туку од иднината, од есхатологијата на царството Божјо. Тоа значи дека еден човек не може да биде осуден за неговото вчера или сега, затоа што припаѓа на иднината. Ниту, пак, можеш да судиш и да осудуваш некого за грешките во минатото, бидејќи тие ја убиваат неговата иднина која само Бог ја знае, затоа и Тој е апсолутниот и единствен праведен Судија.
Но, голема полза има да научиме дека препуштањето на Божјата промисла е избавително и спасително, но во никој случај не нè ослободува од искушенијата и испитанијата на животот. Напротив, довербата во Бога претпоставува верување дека и нештата што ги разбираме и оние што бегаат од нашата способност да ги разбереме, не се случајни, туку имаат своја улога и значење во нашите животи.
Во никој случај не важи тоа дека штом сме одлучиле да се довериме и да се предадеме на Бога, проблемите ќе исчезнат од нашиот живот. Но, она кое со сигурност ќе се случи е доживување на силното, утешително и укрепувачко Божјо присуство, Кој никогаш нема да нè остави сами и беспомошни.

Духовниот живот и исполнувањето во Христос не ја заменува реалноста на животот, но ја преобразува. Тука е грешката која ја правиме. Ние сакаме укинување на границите на животот. Не укинување, туку нивно преобразување. И, што значи тоа? Ќе дојде болест. Човек си, смртен си, променлив. Болеста ќе дојде, но пристапот, толкувањето, однесувањето кон неа, кое го правиш во Христа, дава една друга перспектива. Целосно го преобразува случувањето. Истиот историски настан го осветлува со друга динамика. Не се менуваат надворешните настани, туку начинот на кој ги толкуваме, начинот на кој ги гледаме и начинот на кој се однесуваме кон животот. Тоа се менува и во тоа е тајната на благословот и благодатта.
Заминувањето не значи повлекување и станување бестрастен. Напротив, значи дека го правам тоа кое е според моите сили и другото Му го препуштам на Бога. Мешањето на двете работи е првата пречка пред да се довериме на Бога и сè Нему да Му оставиме.
Превземен текст од Бигорски манастир.
You may like
-
БИГОРСКИ со став: Нема полошо општествено уредување од она кое под маската на демократијата го крие вистинското лице на тоталитаризмот
-
Бигорски: Заблудата околу славењето на Свети Трифун и Свети Валентин ?
-
(Видео) Шокантна репортажа на БТВ од Бигорскиот Манастир: До 45-та се знае Блгари, Блгари, Блгaри сите…
-
Бигорски: Народите сите, Погребението ти, Дево, со песни го пеат ?? (Видео)
-
“На многаја лета возљубена наша татковино”: Бигорскиот манастир традиционално ќе го одбележи Илинден
-
Бигорски манастир: Лепче со паричка за Василица, а не за Бадник
Uncategorized
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Uncategorized
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
Uncategorized
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.
Трендинг
-
Република5 days agoТЕТОВО ВО НОВO-ОБJАВЕНИ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА
-
Црна Хроника4 days agoПолициска акција: Уаспени Украинки во Горно Седларце – МВР со детали
-
Република6 days agoУтре големи прекини на струја во Тетово и тетовско
-
Балкан8 hours agoДрама во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)
-
Магазин5 days agoРазрешена вековната дилема: Научниците конечно потврдија каде е погребан Филип Втори Македонски
-
Скопје3 days agoСекое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски
-
Република4 days agoЕве од кога ќе почнат да работаат камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово
-
Црна Хроника2 days agoПолицијата го лоцираше украденото „Ауди“ за неколку часа – младиот тетовец уапсен!















