9 години од масакрот кај Смилковско езеро, болката и немирот никогаш нема да се променат…

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На оваа дата и место, пред точно 9 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

Ова грозоморно петкратно убиство ја зави Македонија во црно.

На местото каде тогаш беа убиени Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче, денес има изградено црква „Светите Четириесет Маченици- Младенци“ и два обелиска кои вечно ќе го означуваат споменот за сите петмина, но и ќе сведочат за масакрот кај Смилковско езеро.

Обдукцијата врз убиените покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, за што се најдени и чаури од три различни типа муниција, што наведува дека имало повеќе од еден извршител на чинот.

За петкратното убиство во овој случај кој беше наречен „Мострум“, доживотна казна затвор им беше изречена на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено петтообвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда поради немање цврсти докази за утврдување вина.

Жалеше цела Македонија, но најмногу жалеа родителите на овие деца. Животот беше пред нив, а монструмите крвнички ги убија.

Нека почиваат во мир !