Connect with us

Технологија

(Видео) Пeнтaгoн пoтвpди дека постојат HЛO

Пентагон потврди дека протечените фотографии и видео се од „неидентификувани воздушни феномени“ направени во 2019 година се навистина легитимни слики на необјаснети предмети, пренесува Си-Ен-Ен.

Фотографии и видеа на објекти во облик на триаголник што трепкаат и се движат низ облаците, ги сними персоналот на морнарицата, рече портпаролот на Пентагон, Су Гоф, во изјава за Си-Ен-Ен. Таа исто така потврди дека фотографии од три неидентификувани летачки објекти – еден во облик на „сфера“, друг во облик на „желад“ и оној што се карактеризира како „метален блимп“ – исто така се направени од персоналот на морнарицата.

„Како што веќе рековме, за да се одржи безбедноста на работењето и да се избегне откривање на информации што можат да бидат корисни за потенцијалните противници, одделот за одбрана не дискутира јавно за деталите за набудувањата или испитувањата на пријавените упади во нашиот воздишен простор за обука или назначениот воздушен простор, вклучително и тие упади првично беа назначени како НЛО“, рече Гоф.

Таа исто така рече дека Работната група за неидентификувани воздушни феномени, создадена во август за да ги испита набљудувања на НЛО забележани од војската, „ги вклучила овие инциденти во нивните тековни испитувања“.

Фотографиите и видеата на морнарицата протекоа и беа објавени минатата година.

Во последните години имало „бројни извештаи за неовластено и / или неидентификувано летало што влегуваат во разни воено контролирани полигони и назначен воздушен простор“, соопшти морнарицата минатата година. Минатата година, Пентагон објави три видеа кои прикажуваат „неидентификувани воздушни феномени“ – – клиповите што американската морнарица претходно ги потврди како вистински.

Американските разузнавачки агенции се упатени да ги објават некласифицирани извештаи за НЛО до Конгресот во јуни.

Технологија

Google ја укинува омилената апликација – еве со што ќе биде заменета

Google ќе го укине Google Assistant на повеќето Android уреди почнувајќи од почетокот на следната година, како дел од планот за замена на гласовниот помошник со новата вештачка интелигенција Gemini.

Google Assistant, лансиран во 2016 како конкурент на Apple Siri и Amazon Alexa, ќе биде надграден со Gemini, кој ќе се користи и на таблети, автомобили, слушалки, часовници и паметни куќни уреди. Новиот систем ќе овозможува природно гласовно управување и исти команди како претходниот помошник.

Google исто така претстави Gemini Home AI за паметни куќни уреди, а новиот Google Home Speaker се очекува во пролет 2026. Google Assistant ќе остане активен до март 2026, по што корисниците ќе бидат целосно префрлени на Gemini.

Претходно услугата се викала Bard, но беше ребрендирана во Gemini почетокот на 2024, кој сега покрива и AI модели и домашни уреди.

Continue Reading

Технологија

На ChatGPT и требаат 200 милијарди долари да продолжи со операциите

Според најново истражување на HSBC, OpenAI, сопственикот на ChatGPT, би можел до 2030 година да треба да обезбеди околу 207 милијарди долари за продолжување на своето работење, поради растечките трошоци за компјутерска инфраструктура и глобалната трка во областа на вештачка интелигенција.

Приходите се очекува да достигнат околу 129 милијарди долари, додека трошоците за cloud инфраструктура би можеле да достигнат 800 милијарди долари. ChatGPT би можел да достигне три милијарди редовни корисници, споредено со 800 милиони минатиот месец.

OpenAI во последните три години привлече големи инвестиции, а во октомври стана највредната приватна компанија во светот, проценета на околу 500 милијарди долари. Трошоците за раст се зголемуваат побрзо од приходите, што претставува ризик за компанијата и за технолошките партнери како Microsoft, Amazon и Oracle.

Continue Reading

Технологија

Еве што најмногу ја троши батеријата на вашиот телефон

И покрај поефикасните процесори, подобрените батерии и напредните системи за управување со енергијата, батеријата на смартфоните и понатаму брзо се празни – најчесто поради начинот на кој ги користиме уредите.

Апликации во позадина

Најголеми „скриени“ потрошувачи се апликациите што работат во позадина – социјални мрежи, фитнес-тракери, па дури и тастатури. Проверете во Поставки > Батерија кои апликации трошат најмногу енергија и ограничете ја нивната позадинска активност. Намалете ја и автоматската синхронизација кај мејлови, календари и облак-сервиси.

Екранoт – најголемиот потрошувач

Осветлувањето и високата стапка на освежување значително го скратуваат траењето на батеријата. Користете адаптивна светлина наместо рачна и ограничете го освежувањето на 60Hz кога не играте игри. Темниот режим е особено ефикасен кај OLED екрани, бидејќи исклучува дел од пикселите и штеди енергија.

Паметно полнење

Современите телефони нудат функции за заштита на батеријата кои го забавуваат полнењето над 80% за да се намали долгорочното оштетување – вклучете ја оваа опција. Користете полнење со кабел кога можете и избегнувајте честo брзо полнење, освен кога сте во итност.

Со внимателни поставки и неколку навики, батеријата може да трае значително подолго без разлика на моделот на телефонот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг