Connect with us

Uncategorized

Дневен хороскоп: Овој знак денеска ќе има пресврт во љубовта, а еве каков проблем ги очекува девиците

ОВЕН

Работа: Ве очекува работно патување кое ви носи позитивни нови шанси за соработка.

Љубов: Новото познанство кое ви се случило, во вас разбудило чувства.

Здравје: Водете сметка околу синусите.

БИК

Работа: Мали проблеми се присутни на полето работа. Доста работи ве оптоваруваат.

Љубов: Имате впечаток дека со саканата личност сте дошли до проблеми кои нема лесно да ги надминете.

Здравје: Проблеми со штитната жлезда.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Можен е пад на концентрацијата. Може да бидете наклонети кон тоа самите да ги комплицирате работите.

Љубов: Многу сте напнати, па лесно може да се карате со личноста која ви значи.

Здравје: Проблеми со вртоглавица.

РАК

Работа: Имате некои идеи кои сакате да ги спроведете на дело. Не ви е лесно да добиете поддршка за нивно остварување.

Љубов: Ви се допаѓа една личност со многу страст, која е родена во некоја од огнените знаци.

Здравје: Водете сметка околу циркулацијата.

ЛАВ

Работа: Не сте сигурни на кој начин да ги решите проблемите кои ви се појавуваат денеска.

Љубов: Ве очекува многу опуштена комуникација со личноста која ви се допаѓа. Наскоро ќе имате прилика да се зближите.

Здравје: Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа: Напредокот кој го посакувате и натаму не може да ви се реализира. Работите ви се комплицираат.

Љубов: Иако ви делува дека саканата личност е искрена, некои работи покажуваат дека е поинаку.

Здравје: Забите се чувствителни.

ВАГА

Работа: Можно е да ве очекуваат нови случувања на ова поле, а некои промени ќе ве изненадат.

Љубов: Не сакате да влезете во нова врска и натаму, поради тоа што не се појавила ниту една личност која го заслужува вашето внимани.

Здравје: Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Работа: Денеска ве очекуваат мали непријатности на ова поле. Доста работи во овој период ве загрижуваат.

Љубов: Можно е со саканата личност да имате некои пресврти, кои ќе ве остават без коментар.

Здравје: Коските се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Може да имате среќа кога е во прашање работата денеска. Ќе ги остварите своите амбиции.

Љубов: Не ви е лесно да отворено ги покажете чувствата кон личноста која ви значи, затоа што се плашите да сте повредени.

Здравје: Слаба циркулација.

ЈАРЕЦ

Работа: Пред вам е среќна околност, па може да очекувате дека на работното поле се да ви биде решено.

Љубов: Лесно би можеле да дојдете до нова врска со личност која ја познавате од порано.

Здравје: Ќе ви годи спортување.

ВОДОЛИЈА

Работа: Пред вас е можност да донесете одлука која ќе ви биде многу важна за иднината и напредувањето.

Љубов: Можно е да почувствувате големо олеснување после искрен разговор со партнерот.

Здравје: Проблеми со бубрезите.

РИБИ

Работа: Може да очекувате дека ситуацијата ќе ви биде стабилна во текот на денешниот ден.

Љубов: Можна е средба со личност која ви се допаѓа од порано. Ве очекува поволен период, на емотивното поле.

Здравје: Внесувајте витамини.

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг