Connect with us

Инфо +

Со нож влегол во џамија па ИЗБОДЕЛ НЕКОЛКУ ЛИЦА (ВИДЕО)

Маж на 34- годишна возраст попладнево влегол во џамијата на улица „Патот на Каваја“ во Тирана и со нож повредил пет лица.

Со брза интервенција полицијата успеала да го совлада и како што информираше станува збор за Рудолф Николи од градчето Бурел.

Инцидентот се случил во 14:30 часот кога во џамијата сега уапсениот Николи, кој, според очевидци, бил многу агресивен, почнал да напаѓа без да гледа во кого погодува со ножот, што создало хаотична ситуација во верскиот објект.

Повредените биле веднаш транспортирани до најблиската здравствен установа каде им е дадна соодветна лекарска помош и тие се вон животна опасност.

-Повредени се неколку наши браќа верници, како и неколку лица од џамискиот одбор. Освен во објкетот тој почна да напаѓа и лица на улица, кои за среќа усопеаја да побегнат. Се надеваме дека не станува збор за терористички чин туку дека напаѓачот е лице со ментални проблеми, изјави за агенцијата Балкан веб видно вознемирен имамот на џамијата Ахмет Калаја.

Увидна екипа и обвинител се на местото на настанот.

Свет

Чернобил во опасност: Дронот го проби штитот – МААЕ алармира за губење на безбедносните функции

Безбедносниот челичен саркофаг над реакторот број четири во нуклеарната централа Чернобил, оштетен од дронски напад во февруари, веќе не ја извршува својата клучна функција за ограничување на зрачењето, предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Последната инспекција, спроведена минатата недела, открила значителна деградација на конструкцијата што ја покрива уништениот реактор од 1986 година – структура која беше комплетно обновена во 2019 година. Нападот со дрон, за кој Украина ја обвинува Русија, според „Ројтерс“, предизвикал пожар и ја оштетил заштитната обвивка.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека штитот „ги изгубил своите примарни безбедносни функции, вклучително и ограничувањето“, но нагласи дека носечките делови на конструкцијата и системите за следење не се трајно оштетени. Иако одредени поправки веќе биле спроведени, Гроси предупреди дека е неопходна темелна реставрација за да се гарантира долгорочна нуклеарна безбедност.

Според извештајот на ОН од 14 февруари, дронот носел високоексплозивна боева глава која експлодирала по ударот, предизвикувајќи оштетувања на конструкцијата околу реакторот. И покрај нападот, Обединетите нации тогаш соопштија дека нивото на зрачење останало во нормални граници.

Чернобилската централа беше окупирана од руските сили повеќе од еден месец на почетокот на инвазијата во 2022 година. Иако последниот реактор е затворен уште во 2000 година, саркофагот останува клучен за обуздување на преостанатиот радиоактивен материјал од катастрофата која испрати радиоактивен облак низ цела Европа.

МААЕ ја спроведуваше инспекцијата паралелно со проценка на штетите врз електро-енергетската инфраструктура во Украина, наталожени во текот на речиси четиригодишната војна.

Continue Reading

Балкан

КФОР со засилени операции: Повеќе патроли и поголемо присуство ширум Косово

Мисијата КФОР соопшти дека значително го зголеми своето присуство и патролни активности низ Косово, како дел од редовните обуки и подготовките на своите единици.

„Ова ја демонстрира подготвеноста на КФОР да реагира на сите релевантни безбедносни настани кои би можеле да влијаат на безбедноста на Косово и на регионалната стабилност“, се наведува во соопштението на мисијата.

КФОР истакнува дека преку агилен и флексибилен пристап целосно го спроведува својот мандат согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да обезбеди безбедна средина за сите жители и непречена слобода на движење. Мисијата продолжува да делува непристрасно и во тесна координација со Косовската полиција и Еулекс, во рамките на нивните надлежности.

Од КФОР додаваат дека нивните активности се интегрирани со напорите на меѓународната заедница, вклучително и поддршката на дијалогот Белград–Приштина што го посредува Европската унија.

Командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, останува во редовна комуникација со косовските безбедносни институции, со раководството на Еулекс, како и со началникот на Генералштабот на Војската на Србија.

Continue Reading

Балкан

Опасност од поплави во централна Грција: Жителите добија наредба за подготвеност и можни евакуации

Жителите на селото Иперија во регионот Лариса утрово добија официјално предупредување од грчките власти да се преселат во градот Фарсала поради сериозен ризик од излевање на реката Енипејас, објави „Катимерини“.

Цивилната заштита апелира до сите кои живеат во близина на речното корито да останат во состојба на целосна готовност. Истовремено, предупредувања за можна превентивна евакуација се издадени и во повеќе други населени места, меѓу кои Лефкија, Орфанаса, Ампелонас, Филос и Илиас.

Зголемените водостоји и опасноста од брзо и неконтролирано излевање на реката ја поттикнаа препораката жителите на Иперија навреме да се преместат во побезбедните делови на регионот. Властите ги повикуваат граѓаните внимателно да ги следат официјалните инструкции, да избегнуваат движење во близина на реката и да бидат подготвени за итна евакуација доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг