Connect with us

Хуманост

Семејствата на Верица и Иле стапија во контакт: Изгубив сестра, но добив брат!

Published

on

Семејството на 20-годишната Верица Белчовска од Берово, чие срце сега чука во градите на младиот Иле Стрезовски од Брвеница, и семејството на Иле, стапиле во контакт. Цветко, таткото на Иле за ,,Фокус” вели дека телефонски разговарал со Мартин, братот на Верче, и целата фамилија не може да се совземе од емоциите. Болка, неизвесност, страв, благодарност, се соочувале со помешани чувства, но како што вели, над се преовладувала огромната благодарност кон хуманата фамилија Белчовски, чиј гест му дал нова шанса на Иле, но и на многу други луѓе.

-Се слушнавме со братот на Верче телефонски. Изгубив сестра, но добив брат, ми рече. Со таа реченица е кажано се, нашата благодарност не може да се опише со зборови, сите ние се уште сме како во сон, полека започнуваме да сфаќаме што навистина се случи.

Двете сестри на Иле заедно со зетот вчера заминаа во Русиново, да присуствуваат на погребот на Верче. Тоа е најмалку што можеме да направиме, да ја покажеме нашата почит кон девојката чиј живот трагично заврши, но и кон нејзиното семејство кое ја покажа целата своја големина со хуманиот гест. Вечно сме им благодарни, да се стабилизира состојбата на Иле, да помине сето ова, секако дека планираме во иднина и лично сите да се запознаеме, да се видиме со луѓето чија добрина ја трогна целата земја – раскажува таткото.

Целосната вест може да ја погледнете на „ФОКУС“

Хуманост

„Те сака мама бесконечно“: Младиот Бошко ја загуби најтешката битка

Published

on

Почина 19-годишниот Бошко Јанкулов, за кој цела Македонија собираше пари во надеж дека ќе успее да се спаси од тешката болест. Боледуваше од малиген канцер на коски, карлица и бели дробови.

Жалната вест за неговата смрт ја објави неговата мајка, која со потресна порака се прости од своето чедо.

Единец на мајка. Ѕвездо наша најсјајна, душа чиста како ангел, срце пречисто како солза радосница, светлино наша, ни ги исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирање, емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината, сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитуван и подржуван. Биди спокоен чедо наше, таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечен. Вечен спокој на душата твоја, те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине, не можевме да те сочуваме! Биди ангел на небото исто како што беше на земјата. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАК НАШ, НАРОДЕН ХЕРОЈУ. ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ. МАМА ТЕ САКА БЕСКОНЕЧНО, напиша таа на социјалните мрежи.

Continue Reading

Македонија

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување

Published

on

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.

Continue Reading

Македонија

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСЕЈ!

Published

on

Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.


Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.


Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.


Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!


Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.

Линк за донирање: https://gofund.me/27ad16be

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк