Connect with us

Uncategorized

Денеска се популарни, славни, вистински ѕвезди: Како изгледале некои од најпознатите Македонци како деца? (ФОТО)

Мали или млади, ведри, насмеани, разиграни, безгрижни… Кој имал помалку, кој повеќе од нив и нивните родители, кој растел во поголем или помал град или на село, но горе-долу сите од нив имале убаво детство, како што впрочем зслужува и секое дете на светот.

Растеле во други времиња, во малку поинаков свет, посреќна атмосфера, поинаква околина, поразлично уредување и опкружување…? Или не е се’ до времето и опкружувањето, туку во многу нешта има и во семејството, воспитанието, талентот, божјата дарба или образованието…?

И од едното и од другото секако, но како и да е, едно е сигурно: Сите од нив израснале и прераснале во зрели луѓе, здрави личности, со својот талент, труд, знаење, умеење, вештина… станале она што се денес, она по што нацијата ги препознава, со нив се гордее, споредува, за нив навива, се поистоветува… Познати, популарни, јавни личности, вистински радио и ТВ водителски, презентерски, музички, спортски… ѕвезди!

Ние направивме избор од нив, а вие обидете се да ги препознаете на споделените фотографии од детството некои од денес најпознатите Македонци и Македонки.

1. Уште како дететнце  со хармониката в разе иако и фудбалот му бил и се’ уште му е голема страст. Денес инструментот од детството го заменил со клавирот и сајзерот, иако пртепознатлив и познат стана посвојот „славеј глас“ и пеењето, по неговите големи хитови и балади што ќе останат. За овој кичевчанец родум со скопска адреса на живеење  велат дека е логично продоклжение на македонската поп икона Тоше Проески…

Ако се’ уште не го препознавате, вна фотографијата е… Влатко Лозаноски – Лозано.

2. Ова момче на црно-белата фотографија со долга коса е двоен макфестовски победник. Долго е на естрадата иако музиката не му главна професија, но сепак му ги донесе најубавите моменти во неговиот живот, а тој нам ни ги испеа некои од најубавите македонски балади, кои останаа вечни евергрино.

Содржината продолжува после огласот

Ослободете се од простатитисот и срамот во кревет, за 7 дена животот ќе ви се промени!Sponosored by MonadPlug

Штипјанецот кого веруваме дека веќе го препознавте на фотографијата од тинeјџерските години е Трајче Манев.

3. Некогашна манекенка и македонска мисица, подоцна презентерка и водителка се’ до не денес, кога е зрела жена по возраст, но со младешки лик по изглед. Убавина, шарм, стабилност и сигурност зрачат од нејзиниото лице, особено кога ги презентира вестите на Канал 5 ТВ , каде се краси последниве години. веруваме дека веќе погодувате за кого се работи…

Токму така, на фотографијата е Татјана Стојановска.

4. Русокоса и некогаш и сега. Со бејби фејс и тогаш и денес, кога е позната македонска фолк пејачка од македонската фолк елита, дел од таканаречената „прва лига“. Со манекенски стас и изглед на тинејџерка и глас на вистинска музичка ѕвезда.

Тоа што денес и е, македонската фолк пејачка Даниела Темелковска.

5. Музичар – парекселанс, трубач, некогашен член на Танцовиот оркестар на МРТ (Биг бендот), нехгов диригент, композитор, аранжер, музички директор на најпознатите  фестивали на забавна музика во Македонија. Борец, за зачувување на македонското музичко и културно наследство, една од македонските музички легенди…

На фотографијата тогаш како Титов пионер, денес едно од најзначајните живи музички имиња во Македонија, маестро Љупчо Мирковски.

6. Оваа русокоса госпоѓа во средината налик на мерлин Монро и две мали принцези што ја бакнуваат се, мајка и ќерки.. Сите три познати, популарни, почитувани… Таа некогашен новинар и уредник во Секторот за образовна програма и Редакцијата за училишна програма на МТВ, под чија капа беа некои од најгледаните училипшни и младински емисии и програми како: „Пулсирања“, „Ѕвон“, „Зимската рекреативна програма“… Тие нејзини ќерки, едната некогаш позната македонска поп пејачка, денес основач и предводник на  „Дајте ни крилја“ – здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби и голем борец за нивните права, можности, услови за непречен и нормален живот и свое место во општеството.

Другата поранешен модел, член на балетското студио „Ребис“ и ТВ водителка, денс заедно со семејството жител на далечниот Нов Зеланд.

Веројатно веќе ви е јасно дека на оваа фотографија се Роза Катиновска и нејзините две ќерки, Ребека Јанковска и Хелена Роза.

7. И на крајот оваа славна дружина ја заокружуваме со фотографија од можеби најславниот меѓу нив. Македонската спортска и фудбалска легенда која е се’ уште активен професионалец кој длабоко во својата четврта деценија игра со страст, желба и сила како тинејџер, а прикажува партии како во најдобрите денови од својата богата интернационална и репрезентативна кариера.

Конечно игрите во италијанскиот Калчо и 100-те постигнати гола се реткост и привилегија не баш на секој што таму заиграл, а малкумина играле како што игра тој – нашиот Горан „Гранде“ Пандев!

Вистина мк.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг