Connect with us

Uncategorized

Пратениците се вакцинираат денеска, а претходно се вакцинираа службениците во Собранието

Published

on

Денеска, во Салата Борис Трајковски, според планот за масовна имунизација на населението на Република Северна Македонија, ќе се вакцинираат пратениците во закодавниот дом.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека тој и колегите, како и дел службениците кои не се вакцинирани ќе примат вакцина која што во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава.

„Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратениците“, рече Џафери.

Собранието е во втората фаза за вакцинација односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт.

Uncategorized

Без струја делови од Тетово и тетовско известуваат од ЕВН

Published

on

На 5.11.2024 (вторник), екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе започнат со активности за реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа во Тетово и тетовско. Ве известуваме дека, заради реализација на овие инвестициони зафати со цел подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места што припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) наведени во листата во прилог.

Дел од с.Брвеница, објекти кои се наоѓаат во близина на САНЛЕС прекин од 09:00 до 12:00 часот

Дел од град Тетово, објекти кои се наоѓаат во близина на Имиџ кафе и ресторан Сирена од 09:00 до 12:00 часот

Continue Reading

Uncategorized

Сашо Мијалков присуствуваше на осветувањето на црква

Published

on

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, присуствуваше на осветувањето на новата црква „Св. Димитриј“ во Штипско Ново Село, заедно со брат му Влатко Мијалков, поранешен директор на Царинската управа. Браќата Мијалкови се ктитори на црквата, која е богато украсена со фрески и икони. Ова е прво јавно појавување на Сашо Мијалков откако во мај беше предвреме ослободен од затворот во Струга, каде ја отслужуваше казната за случајот „Империја“.

Continue Reading

Uncategorized

Косово со проблеми на патот кон ЕУ

Published

on

Европската унија повторно го повика Косово да преземе чекори за основање на Заедницата на српските општини во согласност со нацрт-статутот на ЕУ, објавија косовските медиуми.

“Го повикуваме Косово да продолжи напред со формирањето на Заедницата во согласност со нацрт-статутот на ЕУ без понатамошно одложување. ЕУ, исто така, би сакала да потсети дека Договорот за патот кон нормализација во целост е валиден и правно обврзувачки и за Косово и за Србија”, изјави портпаролот на ЕУ Набила Масрали.

На овој начин, Масрали ја коментираше изјавата на претседателот на Собранието, Гљаук Коњуфка, дека ЕУ нема право да донесува одлуки наместо Косово.

Таа додаде дека исполнувањето на обврските е задолжително за двете страни.

“Од Србија се очекува да ги исполни своите обврски што произлегуваат од Договорот за патот на нормализацијата, од Косово да се движи понатаму кон формирање на Заедницата врз основа на европскиот нацрт и во согласност со планот за спроведување предложен од страна на олеснувачот на ЕУ”, рече Масрали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк