Connect with us

Uncategorized

Девственоста Христос ја крева на пиедестал, сепак разумноста е таа која треба секоја душа да ја има за да може да добие спасение

Откако Господ Исус Христос по Неговото свечено влегување останал во Ерусалим и околината , поточно на Маслиновата Гора и во Витанија, сега веќе дошол во Синагогата (еврејски храм) и таму почнал да поучува во параболи, односно со примери од секојдневниот живот кои имале длабока смисла, со настани од секојдневието (ДА ЗАПОМНИМЕ: параболата не е приказна, како што мнозина мислат), па секој требало да ја извлече пораката на оној што ја кажувал.

Токму на Велики Вторник Господ Исус Христос изговорил најмногу параболи во Ерусалим, бидејќи тие поучувања биле пред да започнат: предавството, прогоните, маките и страдањата, кога веќе не можел да поучува. Тоа се Неговите последни опомени пред да бидат извршени злосторствата врз Него. Тој ден е Неговиот последен ден за поука во храмот. Господ Исус Христос ги изрекол параболите за талантите и за Страшниот суд (Матеј 25,1-26,1); За воскресението на мртвите и За најголемата заповед (Матеј 22,15-46), како и За укорувањето на книжниците и фарисеите дури и пророштвото за разрушување на Ерусалим (Матеј 23,1-39), а една од поважните, на кои се темели читањето на Велики Вторник е ПАРАБОЛАТА ЗА ДЕСЕТТЕ ДЕВОЈКИ, односно за петте мудри и петте неразумни девојки.

Во овој ден се кажани и познатите зборови: „Царевото на царот, а Божјото на Бога!“ (Матеј 22,21). Освен тоа и двете најголеми заповеди за Љубовта. Најпрво љубовта кон Бога, а потоа и кон ближниот (Матеј 22, 34-40). Сите тие параболи и поуки биле насочени најчесто кон фарисеите и садукеите кои сакале да Го исмеат, но тоа не им успеало, а потоа и кон апостолите и обичниот народ.

Параболата за десетте девојки (Види: Матеј 25,1-13) е пример за тоа како треба ние да живееме, како треба да се трудиме и нѐ поттикнува на милост, а и воедно е поука за дочекување на достоен крај на нашиот живот, но и на почетокот на Второто Христово доаѓање. Што е најважно во оваа парабола? Тоа е девственоста и на двете групи девојки, петте мудри и петте неразумни. Иако девственоста Христос ја крева на пиедестал, сепак разумноста е таа која треба секоја душа да ја има за да може да добие спасение. Тие, разумните, имале садови со масло, а тоа се душите полни со милост и добродетели, а неразумните имале садови празни, без масло. Кога заспаа сите десет, односно заспивањето е умирање, смрт, дошол на полноќ (исполнетото време) младоженецот (Христос) и се отвориле вратите за да влезат на свадбата, но само разумните што имаа масло во садовите ги запалиле светилниците и влегле на свадбата. Неразумните останале надвор, затоа што барајќи масло за светилниците не влегле во времето подготвено за свадбата. Христос на крајот кажал дека младоженецот им одговорил: „Вистина, ви велам: не ве познавам!“ (Матеј 25,12)

Богоносните отци ја сместиле оваа парабола за Велики Вторник за да нè поучат секогаш да бидеме будни и подготвени да го дочекаме вистинскиот Младоженец, со добри дела и првенствено со милост, бидејќи не го знаеме денот и часот на крајот, токму како што Јосиф, со својот пример, нè учи да здобиеме целомудреност, а смоквата – секогаш да донесуваме духовен плод, а втората причина е затоа што Христос тогаш и ја кажал.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг