Connect with us

Uncategorized

Велики Четврток – „Оваа заповед ви ја давам, да се љубите еден со друг.“

Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток , Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана.

Повеќето куќи во еврејската земја во христово време изгледале како коцка, врз која е сместена една помала коцка. Според оваа архитектура, најчесто во горниот дел се поставувала гостинската соба. Во една таква соба, Христос, заедно со Своите ученици ја јадел последната пасхална вечера за празникот Бесквасници. Пред самата вечера Тој ја препашал Својата риза и им ги измл нозете на Своите ученици, поучувајќи ги на тој начин на понизност и љубов, давајќи им нова заповед на љубовта: „Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг.“ (Јован 15,17)

Тоа од Него избрано проштално јадење била всушност, пасхалната вечера, која била спомен на ослободувањето од Египет, обред пропратен со молитви, раскажување на настанот, славословење на Бога, псалмопеење – односно оброк на благодарење. Но самата старозаветна жртва ја нема моќта за очистување од прародителскиот грев, и таа е само праслика, сенка која укажува на грешноста, како и копнежот за искупување, и навестување за тоа што треба да се случи во иднината, Великата Жртва на помирувањето – Господ Исус Христос. На Тајната вечера, Христос Се објавува Себе како Новозаветна Пасхална жртва, како Божјо Јагне кое Се жртвува за простување на гревовите, и така ја дава наредбата лебот да се јаде и виното да се пие во Негова чест. Оваа чиста жртва која и ден денешен се извршува преку Светата Литургија, a со тоа и Евхаристија, ги поврзува сите христијани во едно – Нов Завет во Негова крв. Потоа Христос ја изговара Својата молитва, наречена уште и првосвештеничка, преку која се обраќа кон Отецот да ги зачува сите оние кои веруваат во Него, и љубовта со која Отецот Го љуби Синот да биде и во нив.

По вечерата, Христос и Неговите ученици заминуваат во Маслиновата гора, на Гетсеманската градина, каде Тој се моли на Отецот, а учениците се надвасани од сонот. Во меѓувреме, Јуда Искариот (претходоно договорен со старешините), ги доведува војниците да Го фатат Исуса. Го предава со бакнеж, оти таков бил договорот за тие да Го препознаат меѓу другите. Тогаш Петар го вади својот нож и го пресекува увото на слугата на првосвештеникот, чие име било Малх. Исус му го исцелува увото на Малха, и го прекорува Петра велејќи му „сите кои се фаќаат за нож, од нож ќе изгинат.“

И сето тоа се случи за да се исполни Писмото.

Евангелското читање на светата Василеева Литургија на овој ден се состои од описите на Тајната вечера од четворицата Евангелисти. При Великиот Вход се чита молитвата пред Света Причест („На Твојата Тајна вечера“). Истата молитва се чита и при причестувањето на клирот во олтарот, и верните во храмот.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг